Киднапирани, измачувани и убиени: на светско ниво расте насилството врз новинарите. Но, само едно од десет злосторства се расчистуваат. Честопати државите во кои новинарите работат се нивните најголеми непријатели.
Реклама
530 мртви новинари. Само од 2012 до 2016. Оваа цифра УНЕСКО ја објави во предфиналниот извештај за "Светските трендови за слобода на изразување и развој на медиуми". Според мрежата „Репортери без граници" во 2017 според досегашните информации 47 дополнително влегуваат во статистикава. Тоа е драстичен раст во споредба со претходните години. „Животот како новинар станува поопасен", вели Кристијан Мир, раководител на „Репортери без граници“. Само едно од десет злодела се расчистуваат. ООН во 2013 го прогласи „Денот против неказнивоста на злодела врз новинари". Секогаш е на 2 ноември.
Особено загрозени се т.н.граѓански новинари, кои пишуваат блогови или користат социјални медиуми како Твитер или Фејсбук. Тие информираат од региони или земји во кои класичните новинари не одат. Во резолуција на ООН. од 2014-та за прв пат се оддава признание за улогата и незаштитеноста на граѓанските новинари. Но, и покрај многуте резолуции бројот на убиства е висок.
Човекови права? Не толку битни
Причина за тоа според Мир е распадот на многу држави. „Во Авганистан, Сирија или Сомалија де факто моќта ја презедоа организации кои не се чувствуваат обврзани од етаблираните договори за човекови права." Фактички степенот на убиства е највисок во арапските држави.
Но, распадот на држави не е единствениот проблем, вели Мир. Во многу случаи самите земји немаат интерес да се расветлат злосторствата.„Новинарите често јавуваат за нешта кои не им се допаѓаат на одредени членови на владата или од администрацијата“. За да се види дека е така, не мора далеку да се бараат примери, доволна е на пр.Малта. Мир се сомнева дека постои искрен интерес кај државата за расветлување на убиството на новинарката Дафне Каруана Галиција.
Киднапирања, апсења и измачувања се почести
Не расте само бројот на убиени новинари, туку и бројот на насилни деликти против нив. Произволни апсења, киднапирања и измачувања се само некои од делата кои ги набројува УНЕСКО. Дополнително се појавува и насилството во дигиталната сфера како кампањи против нив и напади на наивните страни. Многумина од несаканите новинари се дигитално следени на секој чекор. Тоа што можеби звучи безопасно често завршува во реално насилство. „Во половина од случаите кога Репортери без граници пружа итна помош, луѓето дошле во таква акутна ситуација да бидат уапсени или измачувани бидејќи претходно дигитално биле следени", вели Мир.
Насилниците најчесто се државни чинители. Иако повеќето убиства се случуваат во земји во кои владее хаос и државните структури се или минирани или нефункционални, сепак владите се оние кои апсат најголем број новинари. Најчесто тоа се случува во Турција, Египет и Кина.
Апсени, мачени, убивани
Поради тоа што ја работат својата работа, новинарите се на мета на влади, нарко банди или екстремисти. По повод светскиот ден на Слободата на медиумите потсетуваме на дел од нив, од Мексико преку Македонија до Бангладеш
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/A.Naveed
Турција: Дениз Јуџел
Германско-турскиот новинар Дениз Јуџел од февруари 2017 година е во затвор во Турција. Обвинет е за ширење терористичка пропаганда и бунт. Докази за тоа не се доставени. И покрај острите критики од Германија, турскиот претседател Ердоган најави дека Јуџел нема да биде ослободен. Повеќе од 140 новинари се уапсени во земјата по неуспешниот пуч минатата година.
Фотографија: picture-alliance/dpa/C.Merey
Русија: Николај Андрушченко
Непознато лице го претепа Андрушченко на улица во Санкт Петербург. На 19 април годинава, 73 годишникот им подлегна на повредите. Андрушченко пишуваше за кршење на човековите права и криминал. Во неговиот последен документарец говореше за тоа дека Владимир Путин на власт дошол благодарение на врските со криминалците и КГБ.
Фотографија: picture-alliance/dpa/D. Usov
Бангладеш: Авијит Рој
„Мукто- Мона“, „слободен дух“, така се викаше блогот на критичарот на Исламот Авијит Рој. За себе говореше дека е „секуларен хуманист“ поради што го предизвика бесот на исламистичките екстремисти во Бангладеш. Рој живееше во САД. Кога во февруари 2015 дојде на саем на книги во Дака, фанатици го расекоа со мачети. Блогерите се постојана мета на екстремистите во Бангладеш.
Фотографија: Getty Images/AFP/M. U. Zaman
Мексико: Мирослава Брич
На 23 март 2017, Мирослава Брич беше убиена со осум истрели во глава од платен убиец. Новинарката известуваше за корупција и злосторства на нарко-картелите. Убиецот оставил порака „За предавничката“. Брич е трета новинарка убиена во Мексико во март годинава.
Тој важеше за единствениот политички затвореник во Југоисточна Европа: Кежаровски се најде во неволја затоа што објави делови од интерен полициски извештај работејќи на расветлувањето на смртта на еден друг новинар.Во октомври 2013 година, по сомнителен судски процес, осуден е на четири и пол години затвор. Подоцна е осуден на две години куќен притвор, за што во моментов пишува книга.
Фотографија: DW/K. Blazevska
Ирак: Шифа Гарди
Репортерката Гарди загина на 25 февруари на боиштето во северен Ирак при експлозија на мина. Родената Ирачанка работеше за курдската новинска агенција Рудав во Ербил и известуваше за борбите меѓу ирачките сили и Исламската држава. Во околината на Мосул, терористите на ткн. Исламска држава постојано киднапираат, протеруваат и убиваат новинари.
Фотографија: picture alliance/dpa/AA/F. Ferec
Саудиска Арабија: Раиф Бадави
Саудискиот активист беше осуден на десет години затвор и 1.000 удари со камшик. Бадави е во затвор од 2012 година поради „навредување на Исламот“. Во јануари 2015 за првпат беше јавно камшикуван. Во светот беше покрената кампања за негово ослободување, а режимот ја суспендираше казната. Неговата сопруга Енсаф Хајдар и децата добија азил во Канада.
Фотографија: Imago/C. Ditsch
Узбекистан: Салијон Абдурахманов
Од 2008. година Абдурахманов е во затвор, поради наводно поседување дрога. Владата на критичарите им подметнува дрога за да ги замолчи, тврдат од организацијата Репортери без граници. Гревот на Абдурахманов е што за независни портали и за Гласот на Америка пишуваше за корупцијата, човековите права и заштита на животната средина.
Кина: Гао Ју
Новинари, блогери и активисти кои го критикуваат режимот, во Кина се под голем притисок. Така и поранешната соработничка на Дојче Веле беше уапсена во 2014 година. Поради наводно објавување на државни тајни во 2015 беше осудена на седум години затвор. Благодарение на меѓународниот притисок пуштена е од затвор и казната ја издржува во домашен притвор.
Фотографија: DW
Азербејџан: Мехман Хусеинов
Тој објавува политички интернет магазин во кој пишува за корупција и кршење на човековите права. Мехмед Хусеинов е еден од најпопуларните видео блогери во Азербејџан. Со кампањата „Лов на корумпирани функционери“ обвинува високи функционери на Азербејџан за корупција. Повеќе пати е изложуван на закани, а во март 2017 е осуден на две години затвор поради клевета.
Фотографија: twitter.com/mehman_huseynov
10 фотографии1 | 10
Заштита преку специјален пратеник на ООН
ООН веќе донесоа неколку резолуции во кои се истакнува значењето на работата на новинарите и се апелира на земјите членки да ги штитат. Во многу земји тоа речиси и да нема ефект. „Репортери без граници“ затоа бараат специјален пратеник на ООН по примерот на оној за деца и оружани конфликти кој во 1997-ма година го назначи ООН. Тој би можел да води независни истраги и да документира случаи на насилство врз новинари за да може кривично да бидат гонети, вели Мир. Идејата има многу поддржувачи, германскиот Бундестаг експлицитно прв побара такво нешто.
Мир смета дека тој би можел да придонесе за поголема заштита на новинарите и на самата тема да и даде поголем тежина, да ги зајакне резолуциите на ООН и да придонесе за поголем публицитет на самиот Меѓународен ден против неказнивоста на злосторства против новинари. „Се надевам дека веќе следната година ќе го имаме."