1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Опасност од терористички напади во Германија

19 август 2006

Денеска утрото полицијата целосно ја блокираше железничката станица во Кил,каде според агенцијата ДПА уапсила еден од осомничените за оставање на куферите бомби во јули во Дортмунд и Кобленц.Министерот за внатрешни работи Фолфганг Шојбле побара поголемо видео- набљудување на јавни места

Истрага на железничката станица во Кил
Истрага на железничката станица во КилФотографија: AP

Германија на крајот на јули за влакно избегнала терористички напад врз два регионални воза,соопшти вчера шефот на германската криминална полиција Јерг Цирке во Висбаден.Само грешка во изведбата на механизмот за активирање спречила двата куфери пронајдени во Дортмунд и во Кобленц да експлодираат истовремено.

По ова,сојузниот министер за внатрешни работи

Волфганг Шојбле го замоли населението да ја поддржи потрагата по осомничените во случајот со двете куфер бомби.Тоа не е секојдневна обврска,изјави Шојбле:

-Молам исто така за разбирање што сојузната полиција во некои случаи ќе се обраќа до патниците,ќе биде контролиран нивниот багаж.Но,не постои никаков повод за да се избегнува патување со воз или со јавен превоз.

Безбедносните мерки во железницата ќе бидат приспособени н аактуеланта ситуација,увери министерот.Двата неексплодирани експлозиви,кои беа пронајдени во последниот ден од јули кај регионалните возови на железничките станици во Дортмунд и Кобленц ,мора да бидат сватени сериозно и да се смета со повторување на вакви напади:

-За жал,тоа е така,и тоа одамна одговара на нашите проценки,од нападите во Мадрид во 2004 година и лани во Лондон,дека во некоја друга форма, може да биде погодена и нашата земја.

Шојбле ја пофали железницата за многу добрите видео снимки на осомничените кои ги стави на располагање и подготвеноста да продолжи со видео набљудување.Министерот сака во иднина да бидат инсталирани камери и на други загрозени места,на пример во јавниот сообраќај.Мора да бидат изградени инструменти за борба против терористичките напади,побара Шојбле.Најбрзо можно ќе биде создадена и законска подлога за заедничка банка анти терористички податоци на органите за безбедност.

-Оваа анти терор датотека ни е итно потребна заради соодветна и навремена размена на информации на нашите сигурносни служби.Тоа важи и за употребата на податоците од патарината.

Критичарите се жалаат дека со заедничката банка податоци ќе падне оградата меѓу полицијата и тајните служби и дека се заканува да се создаде држава која ќе ги надгледува своите граѓани.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми