1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Опел не ќе може лесно да се осамостои

Рихард Фукс20 ноември 2008

Кризата на Џенерал Моторс, болниот автомобилски гигант од САД, ја става под прашање и судбината на Опел. Иднината, велат експерти, веќе не е во фузии - мали и флексибилни автомобилски концерни ќе имаат подобри изгледи.

За Опел дојде „5 минути до 12“: кризата на ЏМ го отвори и прашањето за иднината на ОпелФотографија: AP

Повеќе производители на автомобили стенкаат под товарот на проблемите предизвикани од финансиската криза, но за Опел ова може и навистина да стане прашање на опстанок, поради тоа што е стопроцентна фирма-ќерка на Џенерал Моторос, а ЏМ се бори за да преживее. Џенерал Моторс го презема Акционерското друштво Адам Опел во 1929-та година. Во тоа време најголемиот германски производител на автомобили ги чинеше Американците 33,4 милиони долари, огромна сума за тогашни околности. Џенерал Моторс сега доживува драматичен пад на пласманот, а го гуши и акутен проблем со кредитирањето. За најголемиот производител на автомобили во светот станува се’ погусто. Во Детроит ориентацијата предолго беше кон големи возила кои голтаат многу гориво. Доколку ЏМ банкротира, тоа директно ќе ги погоди и европските филијали Опел и Сааб.

Логото на ОпелФотографија: AP

Опел е и сам виновен за кризата во која западна

Добивките на Опел досега се слеваа во една не многу транспарентна конструкција на концернот: ЏМ е организиран врз регионална поделба на светот. Адам Опел АГ е дел од ЏМ Европа. Заедно со другите марки од концернот, Опел ги користи истражувачките центри, а делумно и продажната мрежа. „Значи, во Европа имаме една компликувана структура со друштва и поддруштва, што води кон тоа, Опел всушност воопшто да не може да се оддели како самостојно претпријатие“, вели автомобилскиот експерт Фердинанд Дуденхофер.

Додека во актуелнава криза политичарите, членовите на Советот на претпријатието и делови од медиумите главната вина за кризата на Опел му ја префрлуваат на Џенерал Моторс, според експертот - во Опел и самите се виновни за својата судбина: „Опел навистина добро турка во последните две години, со нови производи и нов квалитет. Но, ако се погледаат деловните резултати на ЏМ Европа, мора да се каже дека од 2000-та година беа правени само загуби“.

Некои веќе размислуваат и за ерата по ЏМФотографија: AP

Автомобилските „диносауруси“ ќе изумрат

Големата испреплетеност меѓу концерни во деловни мајка-ќерка врски, според Дуденхофер, е минато. Автомобилските концерни на иднината ќе изгледаат поинаку - помали, поспецијализирани, секогаш подготвени на соработка со други производители во развојот на поединечни нови типови возила. Како пример тој ја наведува соработката меѓу Пежо и Ситроен: „И покрај прегледната големина, во последните десет години добро работеа. Се чини дека му дојде крај на времето на динаосауруси, кои правеа се’ и на секој пазар истовремено“, укажува Дуденхофер.

Некои веќе размислуваат и за Опел по ерата на ЏМ. Може ли едноставно да биде откупен? За Дуденхофер тоа е не толку реално, оти прво треба да биде пронајден спасител кој би ги преземал и многуте товари.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми