1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Опел сака да ги спаси фабриките

19 октомври 2004
Фотографија: AP

Кризата во Опел и Карштад Квеле, според проценките на истражувачите на јавното мислење во Германија, би можеле да имаат негативно влијание врз учеството на избирачите на покраинските избори во Северна Рајна Вестфалија. Паралелно со воздржувањето од гласање, велат експертите, се намалува и вербата на граѓаните во економската компетентност на политичарите.

Инаку, Опел има намера да ги спаси сите три фабрики во Германија и отпуштањето до работа да го направи на што посоцијален начин. Во изјава објавена денеска се вели дека и работниците и работодавачите имаат иста цел – фабриките во Бохум, Руселсхајм и Кајзерслаутерн да се направат конкурентни за да можат да издржат на пазарот и по 2010 година.

Преговорите меѓу советот на работниците и раководството на Опел ќе продолжат и натаму. Генералниот секретар на европскиот синдикат на металната индустрија, Рајнхард Кулман, изјави дека се чувствува ”амортизиран оптимизам”. Најавата за можни протести на вработените на Џенерал Моторс во цела Европа дадоа резултат, изјави тој за Баварското радио.

Инаку, работата во фабриката на Опел во Бохум и денеска е запрена. Штрајкот на вработените трае веќе шести ден по ред.

Германскиот канцелар Герхард Шредер, говорејќи на конгресот на Сојузот на електротехника, електроника и информативна техника, изјави дека работата во Бохум би требало да продолжи што е можно побргу.

”Спорот треба да се води така што ќе се почитуваат и интересите на вработените, но и ќе се прават внатрешни реформи во претпријатието за да се обезбеди неопходно преоизводство за сите фрабрики во Германија.”

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми