1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Операција без име

Р.Валкер/ А.Трајковска 25 август 2014

Премногу ограничена и премногу неопределена мисија - однесувањето на Барак Обама во Ирак е критикувано од сите страни. Сега таа би можела уште повеќе да се прошири, иако Обама на почетокот сакаше да го спречи тоа.

Фотографија: picture-alliance/dpa

Вечерта на 7. август американскиот претседател во телевизиско обраќање до американскиот народ изјави: „Денеска одобрив две операции во Ирак: Прво целни воздушни напади за заштита на нашите американски граѓани. Второ хуманитарна помош за илјадници ирачки цивили кои се заробени во планините без храна и вода“. Целта на операцијата, која е без препознатливо име: Да се запре нападот на тероростичката група Исламска држава (ИД) врз курдскиот град Ербил и да се стопира евентуалниот геноцид врз Езидите.

Нема нова војна

За уништување на ИД меѓутоа не станува збор. Обама јасно кажа дека не сака да испрати американски борбени трупи: „Нема да им дозволам на Соединетите Држави да тргнат во нова војна во Ирак“.

Има и една трета помалку јасна порака на Обама: „Ако Ирак постави нова влада, САД ќе соработуваат со неа и со другите земји од регионот - за да понудат поддршка во хуманитарната криза и борбата против теророт“.

Состојбата во Багдад во тој момент е конфузна: премиерот Нури ал Малики беше залепен за власта иако сѐ повеќе критичари бараа тој да се повлече и сметаа дека тој и неговата политика се одговорни за состојбата. САД го осудуваа пред сѐ поради односот кон сунитите во земјата и запоставувањето на ирачката армија. Имено се чини дека таа не е доволно силна за да преземе акции против ИД. Дури и неговиот поранешен сојузник Иран сега вели дека Ал Малики мора да си оди.

Стратегијата на Обама би можела да се смени по убиството на ФолеиФотографија: Reuters

Во рок од неколку денови ирачкиот претседател номинираше нов премиер: Хајдар ал Абади. Ал Абади е член на партијата на Ал Малики, но се смета за човек способен да постигне консензус, што за длабоко поделениот Ирак е многу важно. Тој доби поддршка како од САД, така и од Иран. По почетното противење, Ал Малики поднесе оставка на функцијата и го ослободи патот за неговиот политички ривал Хајдар ал Адаби. Сега тој треба да формира влада, која Обама толку ја чека.

Проширена мисија

Но, и без влада САД ја проширија својата операција, вон ангажманот на планината Синџар и во Ербил. Ирачките и курдските сили добиваат подршка во борбата околу битната акумулациона брана во Мосул. Браната претходно ја запоседнаа борците на ИД. Белата куќа овој чекор го образложува: „Неуспех кај браната во Мосул се заканува по животот на многу цивили и го загрозува американскиот персонал, како на пример соработници во американската амбасада во Багдад“.

На 18. август Обама беше конфронтиран со прашањето за проширување на мисијата. Тој на тоа одговори: „Ние сме против повторен ангажман на американски трупи на копно“. Наместо тоа тој го повтори неговото барање за нова ирачка влада. „Ако денес имаме партнери, нова мисија ќе биде помалку веројатна.“

Убиството на Џејмс Фолеи - пресвртница?

Еден ден подоцна ИД објави видео со наслов: „Порака до Америка“. На него е прикажано страшното убиство на американскиот новинар Џејмс Фолеи. Пораката во видеото: САД требало да завршат со воздушните напади. Снимката меѓутоа предизвика спротивна реакција: Притисокот врз Обама, да се прошири операцијата стана значително поголем: „Уништете ја Исламската држава сега“, побара на пирмер Џон Алан, еден од топ-генералите на САД во пензија. Групата била „јасна и во овој момент опасност за САД“. „Вол стрит журнал“ директно му се обрати на претседателот: „Што ќе направите?“

Значително се заострија и изјавите на владата. Кога министерот за одбрана Чак Хејгл беше прашан, дали заканата од ИД го има нивото како на терористичките напади од 11. септември 2001 година, тој одговори: „Таа е далеку над тоа што досега сме го виделе. Мораме да бидеме подготвени на сѐ“. Исто така се размислува и за воздушни напади врз ИД во Сирија. За советникот на Обама Бен Родес убиството на Фолеи е „терористички напад врз нашата земја“.

Милициите ИД имале до 50.000 борциФотографија: picture-alliance/AP Photo

Исто така и министерот за надворешни работ Џон Кери ја загуби воздржаноста: „(ИД) мора да биде уништена“. Но дали тоа би било можно без масовна копнена офанзива? Мајкл О'Ханлон од невладината организација „Brookings Institution“ смета дека е замисливо да се испратат трупи од околу 5.000 војници. Брајан Фишман од „New America Foundation“ напротив смета на ограничена мисија. За победа на ИД била неопходна многу поголема сила. Друг проблем, според американскиот топ-генерал Мартин Демсои е поддршката на народот. „ИД може само тогаш да се победи, кога ќе ја одбијат 20 милиони сунити меѓу Дамaск и Багдад“.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми