1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Опозиционите пратеници доставија оставки во Собранието

ЕМФ/миа/макфакс28 мај 2014

Триесет и тројца пратеници од СДСМ и коалициските партнери кои на нотар потпишаа дека не ги прифаќаат мандатите, денеска (28.05) доставија оставки до македонското Собрание.

Фотографија: Petr Stojanovski

Претседателот на СДСМ Зоран Заев изјави дека партијата нема да учествува во Парламент кој, според нив, не е одраз на вистинската волја на граѓаните. На тој став на опозицијата, нагласи, не може да влијае никој.

„Со овој чин се почитува одлуката донесена од органите и телата на партиите и се потврдува цврстата определеност на СДСМ и на коалициските партнери за неприфаќање на мандатите“, рече Заев.

Според него, власта насилно ги верификувала мандатите на пратениците на опозицијата, непочитувајќи ги Уставот и законите. Со поднесените оставки, рече Заев, јасно ставаат до знаење дека не може насила да се внесе опозицијата во Парламентот.

Во координација со коалициските партнери, информира Заев, СДСМ подготвува платформа за натамошно вонпарламентарно дејствување, со прецизни активности.

„Целта е јасна и единствена, враќање на демократските институции и создавање услови за одржување слободни и фер избори на коишто ќе биде реализирана вистинската волја на граѓаните на Република Македонија“, рече Заев.

Оставка на пратеничкиот мандат од опозициската коалиција не достави Роза Топузовска Каровска од ЛДП, која се изјасни дека ќе учествува во работата на Собранието. Според ЛДП, чекорот на Топузова Каревска „претставува политичко самоубиство“.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми