Многу луѓе се соочуваат со дилема: дали треба да се вакцинирам или ризикот од нова вакцина е преголем? Зарем можеби не е подобро да ризикувам инфекција отколку да се изложувам на ризиците од новата вакцина?
Реклама
Вчера започна вакцинирањето против коронавирусот во Велика Британија, а наскоро ќе започне и во други земји. Многумина, меѓутоа, имаат непријатно чувство, поради многу брзиот развоја на вакцината. Дали навистина се безбедни овие вакцини? Не е можеби подобро да се смета со можност на зараза отколку на изложување на ризици од новата вакцина?
Овие прашања се оправдани. Особено затоа што кога се работи за нови вакцини за вакцинирање врз основа на т.н. информациска РНК (иРНК), без разлика дали се работи за вакцината на компанијата Модерна, или на компанијата Бионтек од Мајнц, која соработува со американскиот фармацевтски гигант Фајзер. Во светот досега не е одобрена ниту една таква вакцина.
Главна разлика во однос на другите, етаблирани вакцини, е тоа што тие не содржат ослабени или убиени вируси, туку само упатство за градење на еден дел од патогенот Ковид-19. Тоа упатство во форма на т.н. иРНК-молекул доаѓа во телото, каде тогаш човековите келии сами произведуваат протеин на вирусот - т.н. спајк протеин.
Во случајот на Сарс-Ков-2 тоа е спајк-протеин од горната површина на вирусот. Тој го стимулира човековиот имунолошки систем да произведува антитела. Првите податоци од клиничките испитувања покажуваат дека вакцините се многу ефикасни и оти организмот генерално добро ги поднесува. Слични реакции постојат и кај другите типови вакцини и тие се знак дека таа го прави тоа што треба: ја поттикнува работата на имунолошкиот систем.
Меѓу најмногу полза и најмалку штета
Она што засега недостасува, се информации за ретките, и можни многу тешки нуспојави, со оглед на тоа дека тие се видливи дури по вакцинирање на голем број луѓе и по подолг период на набљудување.
„Поради тоа постои ризик“, вели Кристијан Богдан, директор на Институтот за клиничка микробиологија, имунологија и хигиена од универзитетската клиника Ерлаген. „Колку е голем ризикот ќе мора да се испита во наредните месеци и години“.
За да се утврдат ретки нуспојави, вообичаено е да се продолжат клиничките студии и откако ќе биде одобрена вакцината. Одлуката за тоа дали треба да се вакцинира или не, всушност се базира на одмерување на ползата и на штетата, смета стручњакот кој е и член на Комисијата за вакцинирање (СТИКО) на институтот „Роберт Кох“.
Притоа Богдан го наведува следниот пример: ако веројатноста дека едно постаро лице ќе почине поради последици од корона инфекција изнесува 1:5, а истовремено ризикот од тешки нуспојави по вакцинирањето е 1:50.000 или помал, тогаш би требало да се прифати тој ризик.
Децата не би требало да се вакцинираат
Од друга страна, Богдан не би ги вакцинирал децата, затоа што кај нив речиси и не постои ризик да починат од Ковид-19 и бидејќи пред нив претстои долг живот. „Тоа се целосно легитимни етички размислувања“, нагласува Богдан. Тие, исто така, се огледуваат во препораките за вакцинирање на комисијата СТИКО, според кои најпрво би требало да се вакцинираат ризичните групи. „Со тоа го постигнуваме тоа што го сакаме: најголема можна полза за општеството во целост.“
Но, дали токму ризичните групи се особено изложени на опасности од вакцината, односно постарите луѓе или оние со хронични заболувања? Во оваа фаза на развојот на вакцината не можат да се исклучат сите ризици, вели Улрике Процер, директорка на Институтот за вирологија на Техничкиот универзитет во Минхен. Меѓутоа, некои посебни групи на пациенти веќе се земени предвид за време на клиничките испитувања.
Компанијата Модерна, на пример, својата вакцина ја тестирала и на луѓе постари од 65 години, кои имаат дијабетес, прекумерна тежина или срцево заболување. Според наводите на компанијата, не се забележани никакви безбедносни ризици. „Ризикот од ретка и тешка нуспојава не е еднаков на нула, но е мал во однос на другите ризици на кои сме секојдневно изложени, како што е возењето автомобил“, вели Процер.
Нема опасност за промена на човековите гени
Стручњаците сметаат дека е неоснована загриженоста оти посебно иРНК- вакцините со себе носат особено големи безбедносни ризици и дека го менуваат човековиот геном. „Кај луѓето овој геном во форма на ДНК се наоѓа во јадрото“, наведуваат од Институтот Паи Ерлих, кој е задолжен за безбедноста на вакцини во Германија.
„Интеграција на РНК и ДНК не е можна, меѓу другото, и поради различната хемиска структура. Она што е карактеристично за РНК е тоа дека е хемиски многу лабилна. Кога иРНК ќе стигне до клетките, таа многу брзо се разградува ", објаснува Процер. Само од таа причина, не е можна одржлива интеракција со човечките клетки.
Како некои заработија милијарди за време на корона-кризата
Додека многу индустрии поради пандемијата се во голема криза, други одеднаш станаа многу барани, произведувајќи така нови милијардери. Меѓу профитерите во време на корона-кризата има и Германци.
Фотографија: Dennis Van TIne/Star Max//AP Images/picture alliance
Богат, уште побогат, Џеф Безос
Основачот на Амазон, Џеф Безос (на сликата со девојката Лорин Санчез пред Таџ Махал) е надвор од секоја категорија. На компанијата Амазон за време на пандемијата и' оди подобро од кога било. Цената на акциите скока од рекорд до рекорд. Безос, најбогатиот човек на светот и пред пандемијата, сега стана уште многу побогат и има богатство од 160 милијарди евра.
Фотографија: Pawan Sharma/AFP/Getty Images
Елон Маск фрли око на врвот
Произведувате автомобили, но ве вреднуваат како технолошка компанија! На Елон Маск тоа му успеа со Тесла. Компанијата профитираше од полетот на речиси сѐ што има врска со технологијата, кој на берзата го предизвика пандемијата. Претприемачот, роден во Јужна Африка, неодамна го престигна Бил Гејтс со богатството, кое во моментов се проценува на 110 милијарди евра и цели кон врвот, на кој е Безос.
Фотографија: Getty Images/M. Hitij
Работа од дома- Зум
Работењето од дома во време на пандемијата е голем благослов за Ерик Јуан. Основачот на платформата за комуникација Зум дошол во САД од Кина кога имал 27 години. По неколку години работење за ВебЕкс основаше сопствена видео платформа и во 2019 година отиде на берзата. Цената на акциите на Зум експлодираше. Нето вредноста на љубителот на кошарка Јуан се проценува на 16 милијарди евра.
Фотографија: Kena Betancur/Getty Images
Спортување дома - Пелотон
Затворените фитнес студија и ограничувањето на контактите му донесоа предност на Џон Фоли. Во 2013 година бил почетник и се обидувал да дојде до капитал за неговите вмрежени направи за вежбање- денес, пак го облетуваат инвеститори. Цената на акциите на фирмата Пелотон од почетокот на пандемијата се удвои и неочекувано го претвори Фоли во милијардер.
Фотографија: Mark Lennihan/AP Photo/picture alliance
Креирање продавници на интернет
Шопифај е софтвер кој им овозможува на трговците сами да креираат интернет продавници и да се поврзат со фирмите кои се занимаваат со логистика. Тобијас Литке стои зад концептот. Тој од Кобленц во 2002. емигрирал во Канада и започнал со работа- во гаража. Шопифај е сега највредна канадска компанија. Цената на акциите од март прасна повеќе од двојно, а 39-годишникот сега вреди 7,5 милијарди евра.
Фотографија: Wikipedia/Union Eleven
Милијардер преку ноќ
Вакцината против коронавирусот која ја разви Бионтек од Мајнц, фирма чии коосновач и сопственик е Угур Шахин, прва во Европа доби одобрување за масовна употреба. Тоа значи дека Шахин, кој се доселил од Турција, не само што одеднаш стана светски познат, туку и исклучително се збогати. Вредноста на неговите акции се проценува на преку 2 милијарди евра.
Фотографија: BIONTECH/AFP
Готвење дома
ХелоуФреш е фирма која ви предлага што да готвите и ви доставува пакет со сите состојки. Од почетокот на пандемијата профитот ѝ е тројно зголемен, а продажбата е повеќе од удвоена- според тримесечниот биланс од почетокот на ноември. Коосновачот и акционер Доминик Рихтер профитира од затворените ресторани и од трендот на готвење дома. Уште не е милијардер, но ги има вистинските состојки- и за тоа.
Фотографија: Bernd Kammerer/picture-alliance
Поранешна сопруга- и уште еднаш Амазон на врвот
Пандемијата и Амазон не го направија побогат само Џеф Безос, туку и Мекензи Скот, неговата поранешна сопруга, исто така, добро заработи благодарејќи на својот пакет акции. Сега е на првото место на листата на најбогати жени во светот- со богатство кое се проценува на речиси 60 милијарди евра.
Фотографија: Dennis Tan Tine/Star Max//AP/picture alliance
8 фотографии1 | 8
За да се зголеми одржливоста, иРНК ( iRNА) вакцините имаат еден вид заштитно обложување. „Треба да се набљудува што предизвикуваат овие додатоци“, вели Процер. „Тие би требало добро да се поднесуваат, но повеќегодишно искуство сè уште нема“.
Вакцината е нова, но не и технологијата
Кога станува збор за безбедноста на иРНК вакцините уште едно нешто е важно: иако досега ниту една од овие вакцини не е одобрена за луѓе, оваа технологија не е откриена со доаѓањето на пандемијата на коронавирусот. Одредени искуства се стекнати и претходно.
Идејата за ваков вид вакцини доаѓа од имунолошките и инфектолошките истражувања, како и од истражувањето на ракот. Притоа целта е да се охрабри телото да ги напаѓа клетките на туморот. Клиничките испитувања и во оваа област се веќе во тек. „Пандемијата само многу ја забрза оваа технологија“, вели Богдан.
Држење дистанца- креативно!
Многу експерти нагласуваат дека и по доаѓањето на вакцината најважните заштитни мерки против коронавирусот- маските и физичката дистанца- уште некое време ќе бидат секојдневие. Но, тие можат да се следат и покреативно.
Фотографија: picture-alliance/dpa/A. Dedert
Љубов на далечината
Да се оствари пријатно познанство или да се флертува со убава девојка или убаво момче седејќи на клупа? Зошто да не! Само не заборавајте да држите дистанца. Оваа клупа укажува дури и колкава.
Фотографија: picture-alliance/ANP/B. Grösse
Мечиња на маса
Во моментов, во многу ресторани во Германија, на секоја втора маса има натпис „Ве молам, не седнувајте“. Сопственикот на ресторанот „Beef'n Beer“ во Хофхајм на Таунус го решил овој проблемот духовито: на секоја маса на која не треба да се седи ставил плишни мечиња.
Фотографија: picture-alliance/dpa/A. Dedert
Во друштво на кралицата
Ресторанот „Клостервирт“ во центарот на Минхен избра друга опција. Од 25 мај тука можете да вечерате со британската кралица и со други светски познати личности. Големи фотографии од нив „седат“ на масите кои треба да останат празни.
Фотографија: picture-alliance/dpa/P. Kneffel
Максималната шапка на Максима
Шапката со широк обод ќе ви помогне да држите дистанца со стил. Каква што е, на пример, оваа шапка на кралицата на Холандија Максима. Иако е пожелно таа да биде уште поголема.
Фотографија: picture-alliance/Dutch Photo Press/P. van Katwijk
Разреден аудиториум
Драмскиот театар „Берлински Ансанбл“ во германската престолнина се подготвува повторно да ја пречека публиката. Но, сè уште не во целост. За идните настапи одлучија значително да ги „разредат“ редовите со места за гледачите.
Фотографија: picture-alliance/dpa/B. Pedersen
Во својот круг
За да не се преполнат одморалиштата во парковите и тревниците, властите во германскиот градХајделберг решија да исцртаат кругови на тревата со креда. Ем безбедно, ем сите спокојни.
Фотографија: picture-alliance/dpa/U. Anspach
Куче со елизабетанска јака
И сопственикот носи маска, и кучето е заштитено со јака, која им е позната на многу љубители на кучиња и пред пандемијата на коронавирусот. Се нарекува ветеринарна или елизабетанска јака или конус. И сопственикот може да носи нешто слично (ако сака!).
Фотографија: picture-alliance/NurPhoto/A. Widak
Плисирани здолништа
Овие меки здолништа (добро, можеби малку потесни) се носеа во ерата на англиската кралица Елизабета I. Со нив, растојанието е загарантирано!
Фотографија: picture-alliance/dpa/A. Marchi
Држете го клунот на растојание
Ова е маска од познатиот карневал во Келн. Слични се носеле уште во Средниот век. Но, тогаш се верувало оти со нив се заштитувале од чума. Сега - од коронавирусот.
Фотографија: picture-alliance/Geisler-Fotopress
9 фотографии1 | 9
Новите иРНК вакцини се специјални и според нешто друго. За разлика од ослабените и мртви вируси кои го стимулираат имунитетот со многу различни површински структури, иРНК придвижува многу специфичен имунолошки одговор. Ова може да биде предност, бидејќи со тоа може да се спречат несакани ефекти. Од друга страна, постои опасност овој специфичен имунолошки одговор да не заштитува доволно.
Исто така е нејасно што се случува ако коронавирусот мутира, значи ако се промени спајк-протеинот на патогенот - дали и тогаш вакцината ќе делува? За да се одговори со сигурност на овие прашања, потребен е подолг период на набудување. „Но, за истражувањето на вакцините, тоа не е нов предизвик“, вели Богдан.