Опсежна операција на македонската полиција
21 декември 2008Македонската полиција спроведе опсежна операција во потрага по сторителите на убиството на еден припадник на специјалните сили „Алфа“ пред Природно-математичкиот факултет во Скопје. Во рамките на акцијата уапсени се 18 лица, меѓу кои наводно се наоѓа и еден од директните учесници во нападот. При претресите во 20-тина објекти во Скопје, Арачиново и во кумановскиот регион полицијата влегла и во станот на новинарот и соиздавачот на весникот на албански „Коха“, Арбен Раткоцери. Во редакцијата на весникот претресот го сметаат за атак врз слободното новинарство и најавуваат дека ќе ги известат амбасадорите и странските мисии во земјата. Полицијата, пак, тврди дека станува збор за чиста коинциденција што во широката операција бил претресен и станот на лице кои работи во весникот на албански „Коха“. Повеќе детали од звучниот прилог на Александар Чомовски.