1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Орбан го поддржува Груевски

12 мај 2011

Унгарскиот премиер Виктор Орбан во Скопје и даде поддршка на Македонија за членство во ЕУ. И тој и Груевски одбија да зборуваат за најавите за суспензија на безвизниот режим

Виктор ОрбанФотографија: AP

Македонија треба да биде членка на ЕУ, а час поскоро треба да ги започне и претпристапните преговори, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан по средбата со македонскиот премиер Никола Груевски.

Според Орбан, нема ниедна посериозна причина поради која Брисел би се откажал од проширувањето во регионот, уште повеќе што успешно завршуваат и преговорите со Хрватска. Тој во улога на претседавач со Унијата ги пофали владините мерки за совладување на економско-финансиската криза, и оцени дека со својата политика на мултиетничко општество Македонија го стабилизира Балканот.

Двајцата премиери одбија да дадат изјава во врска со заканите за суспендирање на безвизниот режим кон Шенген зоната, за Македонија и Србија.

Протести во Европскиот парламент поради законот за медиуми во УнгаријаФотографија: AP

Орбан кој е лидер на демохристијанскиот Унгарски граѓански сојуз- ФИДЕС, не ја исклучи и можноста, доколку биде поканет да присуствува и на некој од предизборните митинзи на сестринската партија ВМРО-ДПМНЕ.

Од почетокот на годинава, Орбан и неговата партија беа цел на жестоки критики во Европската Унија поради донесениот закон за медиуми, со кој сериозно се ограничуваше слободата на печатот во неговата земја. Владата минатиот месец најави дека ќе изврши измени во законот.

Автор: АЧ/БГ

Редактор: Борис Георгиевски

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми