1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Орбан контра ЕУ-ембарго на руската нафта

СН/агенции
6 мај 2022

Унгарскиот премиер жестоко го отфрли предлогот на Европската комисија за санкции за увозот на нафта од Русија. Унгарија не може да го замени увозот на руска нафта во предвидениот 20-месечен рок, истакна Виктор Орбан.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан смета дека санкциите против Русија повеќе ѝ штетат на европската отколку на руската економија
Унгарскиот премиер Виктор Орбан смета дека санкциите против Русија повеќе ѝ штетат на европската отколку на руската економијаФотографија: ATTILA KISBENEDEK/AFP

Санкциите на ЕУ против рускиот енергетски сектор се црвена линија за Унгарија, соопшти денеска премиерот Виктор Орбан, нагласувајќи дека Будимпешта нема да го поддржи ембаргото на Унијата на увозот на руска нафта, ниту ќе го санкционира патријархот московски и руски Кирил.

„Бев подготвен да се сложам со првите пет пакети санкции на ЕУ, но од почетoкот јасно ставив до знаење оти постои црвена линија која е енергетскиот сектор“, изјави Орбан.

Тој рече и дека санкциите кои веќе ги воведе ЕУ се поштетни за европската отколку за руската економија.

Руско нафтено поле во АлметјевскФотографија: Yegor Aleyev/TASS/dpa/picture alliance

Унгарија нема да го поддржи ни потегот патријахот московски и руски Кирил да се стави на листата на санкции на ЕУ. „Нема да дозволиме сврстување на црквени поглавари на листата на санкции“, рече Орбан и додаде дека добил писмо од православната заедница во својата земја со барање да се бори против таквите ограничувања. Слободата на верата е „свето прашање“ за Унгарија, рече тој.

Повеќе: Орбан, Путин и ембаргото за нафта

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, неодамна предложи земјите членки на ЕУ постепено да го укинат увозот на руска сурова нафта, во рок од 6 месеци, и на рафинирани производи, до крајот на годината, во рамки на шестиот пакет санкции на ЕУ за Русија.

Русите во очајна потрага по странски валути

01:24

This browser does not support the video element.

За да стапи во сила, предлогот мораат да го одобрат сите држави членки на Унијата, а неподговенста на владите во Унгарија и во Словачка да го поддржат ембаргото на руски фосилни горива преставува препека за заеднички одговор на ЕУ.

 

 

 

 

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми