1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Орбан наведна глава пред Брисел

19 јануари 2012

Унгарскиот премиер се согласи да ги прифати забелешките на ЕК. Будимпешта беше обвинета дека ја нарушува независноста на важни национални институции-Централната банка и судството.

Унгарскиот премиер Виктор ОрбанФотографија: Reuters

Унгарскиот премиер Виктор Орбан најави дека неговата влада ќе ги прифати сите забелешки од Европската комисија за новиот закон за Централната банка во земјата.

„Можеме да ги прифатиме сите забелешки за независноста на Централната банка“, истакна Орбан пред Европскиот парламент во Стразбур.

Според Орбан, има само една точка, во однос на која не се согласува со Брисел. Комисијата сака управителот и членовите на монетарниот совет да не полагаат заклетва во Парламентот и пред унгарскиот Устав. Сметам, дека освен за тоа по сите други точки мислењата ни се совпаѓаат, нагласи Орбан.

Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Барозо во Стразбур објави дека Брисел започнува три постапки за прекршок против Унгарија во однос на реформите, кои се однесуваат на Централната банка, судиите и унгарските органи за заштита на личните податоци.

ЕУ е загрижена дека новите унгарски закони ќе ја стават независноста на Централната банка во опасност, дека ќе принудат стотици судии порано да се пензионираат, како и дека унгарската служба за заштита на податоците ќе биде отворена за политичко влијание.

Компромисот за новите закони ќе биде одлучувачки за тоа Унгарија да обезбеди спасувачка финансиска помош од Меѓународниот монетарен фонд и да ја врати довербата на ЕУ.

Автор: БГ/ АТ/ миа

Редактор: Ж. Ацеска

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми