1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Слобода на медиумите

Виктор Орбан, непријател на слободата на печатот

Улрике Кваст
5 јули 2021

На листата „Непријатели на слобода на печатот“, што ја прави организацијата „Репортери без граници“, првпат се најде премиер на земја од ЕУ - Виктор Орбан. На листата има имиња на 37 шефови на држави или влади.

Viktor Orbán
Фотографија: Beata Zawrzel/NurPhoto/picture alliance

Сите оние кои се на листата на „Репортери без граници“ (РСФ) се доведуваат во врска со драстично угнетување на слободата на печатот, соопшти организацијата. Овие шефови на држави или влади, според РСФ, се одговорни за навредување, затворање, па дури и убивање на луѓе од медиумите, а им се префрла и цензура. „Нивните методи на угнетување се различни, но имаат иста цел: да спречат критичко известување по секоја цена“, оценува раководителот на РСФ, Кристијан Мир.

Виктор Орбан е прв шеф на влада од земја членка на ЕУ кој се нашол на оваа листа. откако Орбан и неговата партија Фидес дојдоа на власт во 2010 година „унгарското медиумско милје беше ставано под контрола чекор по чекор“, критикува РСФ. Јавните радиодифузни сервиси се централизирани под капата на државниот медиумски холдинг МТВА, регионалните весници од летото 2017 година се целосно во рацете на претприемачи блиски до Орбан.

Нови на листата, покрај Орбан, се бразилскиот претседател Жаир Болсонаро и саудискиот принц престолонаследник Мохамед бин Салман. Болсонаро постојано подбуцнувал против новинари, додека во случајот со Салман, РСФ укажува на убиството на новинарот Џамал Кашоги во 2012 година и злосторства против човештвото. Нова на листата е и шефицата на владата на Хонгконг, Кери Лам. РСФ во нејзиниот случај го наведува затворањето на весникот „Епл Дејли“ во јуни, кој беше симбол на слободата на печатот во Хонгконг.

Повеќе:

Репортери без граници: Состојбата на медиумите во С. Македонија се влошува

Медиумите во канџите на автократите

Опасниот живот на новинарите

„Репортери без граници“, инаку, и оваа година на листата ги става и претседателот на Еритреја, Исајас Афеверки, кинескиот лидер Ши Џинпинг, сирискиот властодржец Башар ал-Асад, како и белорускиот претседател Александер Лукашенко.

Во сите региони во светот има нови имиња, велат од организацијата: „Од тоа страдаат новинари кои сепак продолжуваат храбро да истражуваат, но страда и населението, кое токму во ера на глобална пандемија нема важен пристап до независниионформации. Застрашувачки е и што одговорните, и покрај брутални злосторства, честопати минуваат неказнето“, соопшти РСФ.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми