1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Орден за Стефановски, Хаџиманов, Несими и Мукаетов

ДТЗ
23 јули 2021

Претседателот Стево Пендаровски одликуваше драмски писател, музичар/актер, лингвист и стопанственик со Орден за заслуги.

Nord-Mazedonien Verleihung Verdienstorden durch Präsident Stevo Pendarovski
Фотографија: President of North Macedonia

Драмскиот писател Горан Стефановски, музичарот и актер Зафир Хаџиманов и лингвистот Ремзи Несими, постхумно, како и бизнисменот Живко Мукаетов добија Орден за заслуги од македонскиот претседател Стево Пендаровски. Наградите беа врачени денеска на свечена церемонија во претседателскиот кабинет во Вилата Водно.  

Според Пендаровски, станува збор за  четворица великани, четири животни приказни, кои имаат различни генерациски, творечки и професионални траектории, но, сепак, се спојуваат во единствениот животен пат кој води кон создавање на нови вредности во македонското општество.

-повеќе на темата: „Кога утре ќе дојде Ангелот да праша: кај си бил, што си правел?“

Горан Стефановски, нашиот мајстор раскажувач, преку своите антологиски драми ни помага да ја разбереме приказната за нас. После Блаже Конески, Славко Јаневски и Петре М. Андреевски, Стефановски е веројатно последниот голем архивар и согледувач на македонската култура и на македонските крстопати. Во своите дела и  јавните настапи тој постојано нѐ потсетуваше дека идентитетот значи одговорност и напорна работа“, рече Пендаровски. 

Горан Стефановски е веројатно последниот голем архивар и согледувач на македонската култура и на македонските крстопати, вели Пендаровски.Фотографија: EU Info Center Skopje

Вториот лауреат е бардот на македонската популарна музична сцена, Зафир Хаџиманов. Овој плоден и сестран уметник преку музиката, поезијата, преку драмските и филмските улоги, умееше да зборува на јазикот на повеќе генерации и при тоа, лесно и незабележливо да поврзува различни луѓе и народи. 

Третиот лауреат е основоположникот на високото образование на албански јазик во нашата земја, професорот Ремзи Несими. Станува збор за интелектуалец кој со својата плодна образовна, научна и културна работа придонесе за стандардизација на албанскиот литературен јазик и негово воведување во образованието, во печатените и електронските медиуми во Македонија и, воопшто, за негување и збогатување на современиот албански јазик. 

Фотографија: President of North Macedonia

Четвртиот добитник на орден,  Живко Мукаетов е еден од најпознатите луѓе од бизнисот во Република Северна Македонија. Раководи со компанија која е еден од носечките столбови на македонската економија, шеста фармацевтска индустрија во Југоисточна Европа. Освен што е успешен стопанственик, Мукаетов е и познат филантроп кој како прв човек на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ до сега има стипендирано 539 млади таленти од факултетите по медицина и фармација при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.  

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми