1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Орхан Памук е добитник на Нобелова награда за литература

12 октомври 2006

Кралската академија во Стокхолм во соопштението за одлуката наведува дека признанието му го доделува на турскиот писател , кој во потрага по меланхоличната душа на својот град Истанбул, пронашол нови духовни слики за судирите и културното поврзување

Орхан Памук
Орхан ПамукФотографија: AP

Турските медиуми веднаш ја објавија веста за доделувањето на нобеловата награда за литература на човекот кој во својата земја поради своите ставови се најде на удар на законот. 54 годишниот Орхан Памук важи за еден од најпознатите турски писатели, но и еден од ретките кој јавно зборува за геноцидот врз Ерменците и правата на Курдите:

„ Во оваа земја порано имаше голем број немуслимански граѓани, денеска веќе ги нема, а зошто, дали не би морале да поразговараме околу ова! Во оваа земја живееа стотици илјади ерменци, денес веќе не. Ние мораме да воспоставиме култура која ќе дозволи слободно да се зборува за ова„ изјави Памук

Ваквите негови ставови беа причина јавниот обвинител на Турција да покрене постапка за навреда на националниот идентитет. Сепак под силен меѓународен притисок процесот по една година беше прекинат. Орхан Памук е познат по своите дела „ Чевдет Беј и неговите синови„ Белиот замок, Црната Книга, Се викам црвено„

Минатогодишен лауреат на Нобеловата награда за литература, вредна околу еден милион евра беше британскиот драмски писател Харолд Пинтер

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми