1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Осигурана иднината на Опел

5 март 2005

Иднината на Опел во Риселсхајм, Бохум и Кајзерслаутерн е обзебдена.

Плакат на Опел во Риселсхајм
Плакат на Опел во РиселсхајмФотографија: AP

По повеќемесечни преговори советот на работниците и автомобилскиот концерн се спогодија до 2010 година да се осигура производството на Опел во три места во Германија. Во Риселсхајм од 2007 година годишно треба да се произведуваат 300.000 возила на новата средна класа на Опел и Сааб. Вработените во своите отстапки се откажаа од тарифните покачувања а божиќниот додаток е редцуиран на 70 проценти, зголемено е и неделното работно време на 40 часа без покачување на примањата.

Политиката и синдикатите го поздравија склучувањето на договорот во Опел. Премиерот на покраината Хесен Роланд Кох истакна

„За Риселсхајм и за Хесен ова е радосен ден. Притоа не смее да се заборави дека некои работни места ќе се загубат но сепак ќе се продолжи со работа.„

Сличен став искажа и германскиот министер за економија Волфганг Клемент

„Во состојба сме, да ја обезбедиме Германија како место каде се произведува, и ова е пример за тоа. Не мора се да биде преместено, кога ќе се појават проблемите, туку веднаш да се решева преку едно вакво вложување на напор.“ истакна министерот за економија Клемент.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми