1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Оскарите не се Нобелова награда

Јоахим Киртен/превод:бг29 февруари 2016

Што ни кажува Оскарот за квалитетот на еден филм? Не многу, смета Јохен Киртен, напротив повеќе зборува за состојбата во која се наоѓа светот.

Фотографија: Reuters/M. Anzuoni

Замислете си го следното сценарио: наесен во Стокхолм еден човек застанува пред влезот на голема сала и го соопштува името на добитникот на Нобеловата награда за филм. Незамисливо? Можеби, но Нобеловата награда за литература веќе постои. Во другите уметности, како музиката или архитектурата, постојат слични награди: во музиката- наградата Ернст фон Сименс, во архитектурата- Прицкеровата награда.

Филсмкиот свет го има Оскарот, ќе речат некои. Но, Оскарот е поинаков. Тој темелно се разликува од споменатите награди.
Прво: Оскарот е национална награда. Тој, со неколку исклучоци, се ограничува само на филмови од англиското говорно подрачје. Можете ли да си замислите Нобеловата награда за литература секоја година да им се доделува само на писатели од англиското говорно подрачје.
Второ: доделувањето на Оскарот е комерцијален медиумски настан. Тој има големо влијание врз американскиот кинематографски пазар. Освен тоа, преносот на церемонијата на доделувањето стана толку важен медиумски спектакл што надминува сѐ останато- вклучително и наградените филмови.
И трето: известувањето во пресрет на доделувањето на Оскарите доби веќе апсурдни димензии.

Јохен КиртенФотографија: DW/P. Henriksen

Холивудската продукција во центарот на вниманието

Оскарот не говори ништо за состојбата на светската кинематографија. Тој не ги следи тековите на светскиот филм, ниту работата на иновативните филмаџии од други земји и континенти. А тоа често пати се заборава.
Тоа што годинава беа наградени неколку добри и уметнички интересни филмови од англиското говорно подрачје не ја побива таа теза. „Спотлајт“ е динамично инсцениран филм за две важни теми: скандалот со сексуалното злоставување во Католичката цкрва и истражувачкото новинарство. „Повратникот“ (The Revenant) е грандиозен филм за природата. Шесте Оскари за „Збеснатиот Макс“ и наградите за филмовите како што се „Екс Макина“ или „Во мојата глава“ го насочуваат вниманието на јавноста на волшебниците на филмскиот занает во големите американски студија.
Но, дали тие награди ни говорат нешто за вредноста и уметничкиот развој на филмот? Не, освен за развојот на американскиот филм. Кој секако не е неважен.
Светот на Оскарите е на друго место. Тој го врти вниманието на светската јавност врз општествените проблеми. На односот кон црните актери годинава, и на проблемите во САД, постојано укажуваше водителот Крис Рок со своите инсинуации и отровни коментари.

Леонардо ди Каприо на гледачите пред ТВ-екраните им го сврте вниманието на светските проблеми поради климатските промени, а некои, благодарение на Оскарот за најдобар документарен филм за пакистанскиот „Девојка во реката“, за првпат дознаа за убивањето девојчиња на азискиот потконтинент.

Сега се зборува за тоа и тоа е заслуга на Оскарите. Освен тоа, тука е и спектаклот со ѕвездите на црвениот тепих. Тоа впрочем, за мнозинството гледачи е главната причина поради која го вклучуваат телевизорот. Оскарот на добитниците и тоа како комерцијално им се исплаќа. Но, тој не е Нобелова награда за филм.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми