1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Осквернавен Јад Вашем

АМ/АТ/дв/афп12 јуни 2012

Меморијалниот центар Јад Вашем е осквернавен за првпат во речиси 60-годишното постоење. На повеќе места се пронајдени десноекстремни и антиционистички графити.

Фотографија: reuters

Полицијата и раководството на меморијалниот центар претпоставуваат дека зад ова дело би можеле да стојат ултра ортодоксни Евреи, кои ја отфрлаат модерната држава Израел како богохулство. Ова го објаснуваат со тоа што паролите испишани по ѕидовите биле на беспрекорен хебрејски јазик.

„Ти благодариме Хитлер за прекрасниот холокауст што го направи за нас и благодарение на тебе добивме држава во ОН“, стои во еден од десетте натписи на ѕидовите во музејот. Тие предизвикаа шок во еврејската држава. Слоганите се испишани на црвениот ѕид во музејот.

Работниците веднаш започнаа со отстранување на графититеФотографија: picture-alliance/dpa

„Овој акт без преседан ја мина црвената линија“, рече Авнер Шалев, директор на меморијалниот центар Јад Вашем.

Од полицијата информираат дека е отворена истрага, но дека во моментот не се знае точно кој стои зад испишувањето графити. Сепак, полицијата се сомнева дека зад овој чин стојат екстремните десничари. Јад Вашем е најзначајниот споменик за околу шест милиони жртви на националсоцијализмот.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми