„Ослободена“ луксузна вила на руски олигарх во Лондон
01:41
Конфликти
Лаура Бехерт
15 март 2022
Група демонстранти против руската инвазија врз Украина окупираа вила во Лондон за која се верува дека му припаѓа на рускиот милијардер Олег Дерипаска, кој е цел на санкции во Велика Британија. Демонстрантите порачаа дека ја „ослободуваат“ за украинските бегалци и закачија украинско знаме и други транспаренти на балконот на вилата, но на крајот беа уапсени.