Ослободени мировниците во Дарфур
21 февруари 2012Според информации на бунтовниците, се проверува дали тројцата Суданци се припадници на суданските тајни служби. Портпарол на ОН соопшти дека тројцата Суданци работеле за ослободените припадници на сините шлемови, односно за заедничката мисија на ОН и на Африканската унија во Судан.
Движењето за правда и еднаквост и другите бунтовнички групи на неарапските племиња се борат против владата во Картум. Според проценките на ОН, досега во судирите во оваа западносуданска област се убиени повеќе од 300 илјади лица, а раселени се речиси два милиони жители. Според властите во Картум, во судирите има вкупно десет илјади жртви. Суданскиот претседател Омар ал Башир е обвинет од Меѓународниот кривичен суд за геноцид, злосторства против човештвото и воени злосторства во Дарфур.
Автор: ЕМФ/миа/дв
Редактор: А. Трајковска