Ослободување од долговите
14 јуни 2005„Денеска усвоивме план што ќе оди кај Меѓународниот монетарен фонд и во Светската банка. Со договорот на најсиромашните змеји веднаш им се отпишуваат долговите од вкупно 40 милијарди долари„.
Неговиот германски колега Ханс Ајхел одлуката ја оцени како историска:
„Ова вистина е историско решение. Признавам дека не очекував да биде донесено толку бргу„.
Дали ослободувањето од долговите е доволно?
Сето ова е само капка вода на жежок камен, ако се потсетиме на големите цели што си ги поставија Обединетите нации во јубилејната 2000-дита година. Тогаш беше договорено преполовување на сиромаштијата. До 2015 година светската организација треба да ги унапреди можностите за образование и развој на најсиромашните и покрај постојаниот пораст на населението. Самото простување на долговите не е се во битката против сиромаштијата. Усвоениот Маршалов план за Африка треба да придонесе за пораст на брутонационалниот производ на земјите во развој. Токму тука се наоѓа клучот за намалување на сиромаштијата: долгорочен развој може да се случи само ако на најсиромашните им се обезбеди пристап до големите пазари. Ова го знаат и министрите за финансии на земјите од Г-8: битката против сиромаштијата е и безбедносна политика, а со тоа не само политика за сиромашните, туку и важна политичка цел за земјите донатори.