1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Османи и порачува на ЕУ да ги запре „уцените“

БГ /АФП
15 декември 2020

Министерот за надворешни работи Бујар Османи и порача на ЕУ да ги запре „уцените“ врз неговата земја со наметнувањето нови пречки за почеток на пристапните преговори. Неговиот чешки колеги очекува решение „годинава“.

Olivér Várhely (R) EU-Erweiterungskommissar und Bujar Osmani stellvertretender Premierminister für europäische Angelegenheiten in Nord-Mazedonien
Бујар Османи и еврокомесарот Оливер Вархеји. фото: АрхиваФотографија: EU/Lukasz Kobus

„Европскиот процес не треба да вклучува уцени врз било која земја во Европа или на Западниот Балкан“, порачува шефот на дипломатијата Бујар Османи по состанокот со чешкиот колега Томас Петричек, пренесува Франс Прес.

„Нашите напори за добри односи со соседите не беа наградени“, рече Османи, дополнувајќи дека судирот со Бугарија ќе има негативно влијание на целиот балкански регион. 

-повеќе на темата: Бугарско вето во ЕУ: Има ли надеж за пробив?

По разговорите со Османи, Петричек изјави дека се надева на компромис до крајот на годинава.
„Во тек се многу интензивни разговори во рамките на ЕУ за изнаоѓање решение... ние сакаме да се најде компромис оваа година“, рече чешкиот министер. 

-повеќе на темата: Захариева го споредува Тито со Хитлер

„ЕУ мора да го задржи статусот на веродостоен партнер за земјите кои имплементираат реформи и ја завршуваат својата домашна задача“, додаде Петричек.

Османи ја поздрави поддршката која доаѓа од „26 земји“ во 27-члената ЕУ.
„Поддршката од европските држави е најдобриот начин да се обноват ентузијазмот и довербата во процесот. А поддршката и забрзувањето на интегративниот процес е најдобриот начин да се подобрат односите меѓу соседите“, додава Османи.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми