1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

МНР со план за згрижување на бегалците од Украина

ДТЗ
15 март 2022

Се прават проценки на државните капацитети, а доколку биде потребно ќе се обезбедат и дополнителни капацитети за сместување. Досега нема ниту еден бегалец од Украина во земјата.

Nord-Mazedonien PK Bujar Osmani
Фотографија: Ministry for Foreign Affairs of North Macedonia

„Нема да одбиеме ниту еден украински бегалец. Сите ќе бидат згрижени, се прават проценки за бројот на капацитетите во државните институции коишто ги имаме на располагање“, изјави македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи на утринскиот брифинг со новинарите во Скопје.

Во земјата не е забележано пристигнување на зголемен број лица од Украина. Според Османи, досега ниту еден од нив нема побарано статус на бегалец.  

Ако има поголем број на бегалци во идниот период, ќе се прават и импровизирани капацитети за сместување. Искуствата од дел од европските земји се дека голем дел од бегалците ги сместуваат и граѓани во нивните домови. „Бројките на бегалци постојано се зголемуваат, мора да бидеме подготвени“, вели Османи.

Задолженија, според него, ќе добијат и Министерството за здравство - за згрижување и бесплатен третман на бегалците, како и и другите институции кои треба да се грижат за нив. 

Што се однесува до евакуацијата на македонските граѓани од Украина, Османи вели дека досега 80 проценти од вкупно 120 мапирани граѓани се извлечени од земјата.

Мајка и две деца, како и уште неколку македонски семејства се чувствуваат безбедно и не сакаат да се евакуираат од Украина. Во моментов се прават напори за евакуација на осум лица коишто побарале да бидат извлечени од Украина. 

„Нашата амбасада останува во Украина, ќе процениме што ќе правиме понатаму во зависност како ќе се движат работите во Украина. Останувањето на амбасадата е политичка порака, но и можност да им се помогне на нашите граѓани таму“, вели Османи.

Илјадници Украинци во бегство: „Зошто се случува ова? Зошто да бидеме бездомници?“

01:31

This browser does not support the video element.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми