1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Осми ден од „шарената македонска револуција“

Кристина Озимец20 април 2016

Студенти, пензионери, левичари, десничари, работници, анархисти – неформалното движење „Протестирам“ и луѓето кои ги поддржуваат антивладините протести стануваат се помасовни и поразновидни.

Фотографија: Getty Images/AFP/R. Atanasovski

Блокадата на патот кон Европската унија за Македонија денеска беше поставена и на улиците на Скопје. Колоната демонстранти кои се упатија пред зградата на ЕУ делегацијата во главниот град, за да порачаат дека веќе не веруваат во било какви преговори со власта, беше пречекана од неколку кордони полиција кои не ја пуштија понатаму.


Мирно помина денешниот осми ден од протестите против аболицијата на главните актери од аферите произлезени од прислушкуваните разговори од страна на претседателот Ѓорѓе Иванов. Како и секој ден, точно во шест часот демонстрантите започнаа да се собираат пред зградата на Специјалното јавно обвинителство, за да ја изразат својата поддршка кон оваа институција.
Доколку со еден збор треба да се опишат протестите кои се повеќе се шират во Македонија, тој дефинитивно би бил „шаренило“. И тоа не само поради боите кои секојдневно се повеќе го наоѓаат својот пат врз објектите од контроверзниот проект „Скопје 2014“. Студенти, пензионери, левичари, десничари, работници, анархисти – неформалното движење „Протестирам“ и луѓето кои ги поддржуваат антивладините протести стануваат се помасовни и поразновидни.
Пензионерот Миле Љубовски вели дека дошол пред СЈО за да му даде поддршка, но и за да го поздрави претседателот кој прави гафови.
„Мора да одговараат сите за криминалот кој го направиле, но за тоа да се случи треба да има и реформа на судот. Сега и покрај тоа што ќе ја повлече Иванов аболицијата додека не се реформира судот, ќе нема кој да ги суди. Судот е ВМРО-вски“, смета Љубовски.
Друг демонстрант, Коста, кој е анархист, вели дека излегол за да ја брани слободарската мисла во Македонија.
„Слободарската мисла која се залага за намалување на државната моќ и државниот апарат, бидејќи колку тој е поголем, слободата е помала. Би сакале институционалната моќ да е помала, а слободата на индивидуата да биде поголема. Во ова општество такво нешто не доживеавме, баш напротив, доживеавме општество во кое се гази индивидуата. Сепак наше прво и основно барање е оваа гарнитура да си даде веднаш оставка“, додава тој.

Боите на македонската револуција
Од пред СЈО, демонстрантите и денеска се упатија пред Собранието и Владата. По пат, „настрада“ зградата на Министерството за правда, откако демонстрантите фрлија топки со боја и сега новата барокна фасада е шарена. Деновиве шарените бои се насекаде во центарот на градот, а највпечатливи се на Триумфалната Порта. Боите станаа заштитен знак на протестите или како што велат демонстрантите, тоа се боите на македонската шарена револуција.
„Боите сметавме дека се едно лесно и едноставно решение да го искажеме нашиот револт. „Скопје 2014“ пред се е скапо но и одвратно изгледа, па решивме малку да го разубавиме со бои. И така парите се дадени, нека биде барем симпатично. Ова се боите на новата македонска шарена револуција“, вели Марија, една од демонстрантите кои протестираа денеска.
Протестот заврши на патот кон ЕУ инфоцентарот, откако демонстрантите беа блокирани од голем кордон полиција и оклопни возила. Колоната демонстранти се упати кон зградата на ЕУ во главниот град, за да порачаат дека веќе не веруваат во било какви преговори со власта извикувајќи „Не за преговори“, „Доста беше молк“, „Долу диктатурата“ и пеејќи ја химната на Македонија.

0000ff">722465031166812160#
Покрај во Скопје, протести се одржаа и во неколку други градови: Куманово, Кочани, Прилеп, Велес, Струмица и Битола.

ГДОМ пак одржа контра-протести во Кочани, Велес и Битола.

0000ff">722465117426860033#


Вечерва продолжија и дипломатските напори на амбасадорите на земјите членки на ЕУ во Македонија да издејствуваат промена на одлуката за колективна амнестија на повеќе од 50 политичари и нивни соработници која ја донесе претседателот Ѓорге Иванов. Како што соопшти Кабинетот на Иванов, на средбата шефот на државата ги запознал амбасадорите со мотивите и целта која сака да ја постигне со одлуката за помилување. Засега нема најава од Иванов дека планира да ја промени одлуката.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми