1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Основниот став на меѓународната заедница кон Косово е непроменет

8 февруари 2006

Германскиот експерт за Балканот, Франц Лотар Алтман вели дека независноста би требало да биде контролирана и набљудувана

Фотографија: dpa

Меѓународната Контакт група пред една недела во Лондон соопшти дека одлуката за статусот на Косово, на некој начин мора да одговара на желбите на тамошните албанци за независност. Притоа земјите членки зборот независност не го употребија. Но затоа деновиве тоа како најверојатна опција на косовските срби и властите во Белград директно им го соопшти британскиот дипломат Џон Соерс. Срспките власти ставот го осудија и го отфрлија. Експертот за Балкан во берлиснкиот институт за меѓународна политика и безбедност Франц Лотар Алтман, меѓутоа не гледа причина за вознемиреност:

„ Контакт групата секогаш укажуваше дека таа независност би требало да биде контролирана и набљудувана. Во таа смисла основниот став на западната меѓународна заедница во однос на целта која ја има е непроменет. Мислам дека изјавата на Џон Соерс на некој начин е обид да се изврши притисок врз србите за преговорите, кои треба да почнат кон крајот на фебруари, да бидат придвижени. Точно е дека косовските албанци сакаат тие да се одлагаат за да ја натераат меѓународната заедница на вакви изјави. Но ниту српската страна не е доволно подготвена, бидејќи уште од самиот почеток одлучи дека во никој случај не може да се прогласи независност на покраината, што сепак преставува нефлексибилен став воочи почетокот на преговорите„

Српските власти одбиваат каква било форма на независно Косово укажувајќи дека условна или нецелосна државна самостојност во пракса нема. Алтман со тоа не се согласува:

„ Прашање е на пример, дали таквата независност би значела и место во ОН. Како такво, под навосници независно Косово би било преставувано во надворешните односи. Тука постојат повеќе одрденици кои можат значајно да го дефинираат статусот во насока на независност. Во преговорите пред се станува збор за тоа дека косовската страна треба да создаде одрдени услови, пред да дојде до некој вид таква самостојност. Незамисливо е контакт групата и подоцна советот за безбедност да го одрдат статусот пред да бидат исполнети одрдените предуслови. Во таа смисла ставот на контакт групата тешко дека е сменет. Во моментов желбата беше јасно да се предочи независноста на Косово во таа недефинирана форма, како и во какво пакување тоа би им било претставено на србите. Тоа сега можеби навистина е изрично кажано, но се чини и дека србите тоа го презентираа премногу остро„

Франц Лотар Алтман смета дека децентрализацијата треба да биде една од најважните точки на преговорите. Тој не верува дека меѓународната заедница ќе се откаже од овој дел од преговорите и ќе се одлучи за прогласување независност.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми