1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Осогово, Студенчишко блато и Водно под заштита на државата

ДТЗ /ДВ
18 ноември 2020

Иницијативите на екологистите вродија со плод - Владата донесе неколку одлуки кои се од големо важност за заштита на природата во земјата.

Videostill - Shar Planina
Фотографија: D. Cadikovska

Дел од Осоговските планини, Студенчишкото блато во Охрид и скопско Водно добиваат статус на заштитени подрачја, одлучи македонската влада. Како што соопшти министерот за животна средина Насер Нуредини, одлуките се од голема важност за актуелните процеси за заштита на природата во Северна Македонија.

Осоговските Планини заштитено подрачје

Дел од Осоговските Планини е прогласен за заштитено подрачје во категоријата V – заштитен предел, заради разновидноста и богатството на биодиверзитетот, геодиверзитетот, хидролошките карактеристики, пејзажните, пределните и други вредности, природни убавини, како и заради зачувување на специфичната интеракција на луѓето и природата. Вкупната површина на заштитениот предел од Осоговски Планини изнесува 48807.16 хектари, a со него ќе управува Јавното претпријатие за стопанисување со државни шуми „Национални шуми“ со потполна одговорност – Скопје.

Беласица - приказна за природата што ја делиме

14:32

This browser does not support the video element.

Парк на природата

Со одлука на Владата, започнува постапка за прогласување на локалитетот Студенчишко блато за заштитено подрачје во категоријата парк на природата, како и за прогласување на дел од Водно за заштитено подрачје во категоријата заштитен предел.

Блатото Студенчишта се наоѓа на надморска височина од 694 до 696 меѓу каналот Студенчишта, реката Рача (на север и на југ) и меѓу регионалниот пат Охрид-Свети Наум и крајбрежјето на Охридското Езеро (на исток и запад). Блатото Студенчишта е валоризирано како природен феномен сочуван со милениуми, кое е од особено значење за еко-системот на  Охридското Езеро. Еколошките здруженија со години водат битка за заштита и ревитализација на Студенчишкото Блато, кое е едно од ретките природни блата во земјата, а кое е валоризирано како „споменик на природата”. Едно од нивните барања беше и Студенчишкото Блато да остане строго заштитена еколошка зона, во која нема да биде дозволено градење.

Студенчишко блато во ОхридФотографија: DW

Водно како заштитен предел

И долготрајната битка на еколошките здруженија за заштита на Водно се преточи во владина одлука за преземање мерки за прогласување на заштитен предел. По минатогодишните протести на еколошките здруженија за заштита на планината од изградба на трасата на гасоводот, беше изготвена Студија за валоризација на заштитеното подрачје парк-шума „Водно“. Предлогот до Министерството за животна средина и просторно планирање за прогласување на Водно за заштитено подрачје во категоријата Заштитен предел (категоријата V – заштитен предел) беше доставен од страна на Градот Скопје. Строга заштита, а не нови градби, побараа тогаш експертите на јавната расправа за новата студија на Град Скопје.

Дивата страна на Скопје

12:19

This browser does not support the video element.

„Водно е клучно за квалитетот на амбиенталниот воздух во Скопје и квалитетот на животната средина. Оваа студија доаѓа во моментот кога околу 90% од градежните активности за изградба на гасоводот на Водно се завршени и кога 100% од дрвјата кои беа на трасата предвидена за гасовод се пресечени – може да заклучиме дека, освен помали проблеми, изградбата течеше во согласност со предвиденото и не се случија поголеми штети“, изјави градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов на расправата во август минатата година.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми