1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Оставаат ли Германците безбеден северен Авганистан?

Васлат Хасрат-Назими/ Абдул-Бари Хаким/С.Недевски9 мај 2013

Осум војници на НАТО, меѓу нив еден Германец, загинаа викендот во нападите на талибанците во Авганистан. Сепак, Германците остануваат решени да се повлечат и грижата за безбедноста да им ја препуштат на Авганистанците.

Фотографија: picture-alliance/dpa

Првпат во последните 2 години талибанците убија германски војник. И тоа токму во покраината Баглан, каде германскиот Бундесвер планира повлекување и ја предава надлежноста на авганистанските сили. Дали е тоа вовед во уште поголемо насилство? Хелалудин Хелал, авганистански воен аналитичар и поранешен генерал, тврди оти од јуни ќе започне „бран на непријателски активности на север, кој ќе има лоши последици за населението.“ Според негова оценка, покрај цивили ќе бидат загрозени и трговски патишта. Авганистанските сили за безбедност „немаат ни координација, ни потребна обука, ниту вооружување, за да ги одбијат нападите“, тврди овој стручњак за безбедност.

Силите за безбедност добро напредуваат“

Истовремено, Бундесверот се држи до својот план. Во германската воена база во Пол-Кумбри, главниот град на покраината Баглан, војниците ги склопуваат шаторите и се подготвуваат за заминување. Германците ќе го напуштат тој логор до почетокот на летото. Наместо нив, тука ќе биде сместена авганистанската војска. Гинтер Кац, германскиот генерал и портпарол на НАТО и натаму е оптимист. Тој тврди дека авганистанските сили за безбедност се на вистински пат да преземат одговорност за безбедноста на сопствената држава.

Фотографија: AFP/Getty Images

Дури и ако Авганистанците се подготвени да се погрижат за безбедноста, тоа не значи дека во Баглан ќе настапи мир. Талибанците и натаму се закана, смета Ахмад Џавед Башарат, портпарол на началникот на полицијата. Сепак, вели тој, во таа ридеста покраина безбедосната ситуација е, севкупно погледано, многу добра. Баглан е поделен на 15 региони, од кои 14 се сметаат за безбедни и во секој од нив има доволно војници и полицајци. „За жал, во средишниот дел на Баглан, каде се стационирани коалициските сили, талибанците се активни по должината на границата со покраината Кундуз и тука и понатаму се водат борби“, вели Башарат за ДВ.

Џавед Башарат признава оти е тешко да се контролира провинција каква што е Баглан. „За да се стигне од еден регон до друг, потребни се 8 или 9 часа возење. Дури и кога би поставиле војници насекаде, тоа не би било доволно. Ние се браниме без проблеми, но има ридови, изолирани места и шуми, во кои се кријат талибанците, и од каде не‘ напаѓаат.“

Населението во страв

И населението во Баглан има слични грижи. Луѓето во тој дел на Авганистан не се радуваат поради заминувањето на Германците, истакнува дописникот на ДВ Јама Шерзад. „Луѓето овде велат оти Баглан повторно ќе падне во рацете на бунтовниците, ако авганистанските сили на безбедност не се во состојба да ги заштитат, како и дека ќе се зголеми бројот на бунтовници. Службениците секако тврдат оти се подготвени да преземат одговорност. Но обичните луѓе не се подготвени за тоа“, вели Јама Шерзад.

НАТО сака да ги заврши своите борбени дејствија во Авганистан до крајот на 2014-та година. Задачата на странските трупи е до тогаш да ги подготват и образуваат авганистанската полиција и војска. За да го постигнат тоа, Германците ќе остават околу 800 свои војници во таа земја.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми