1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Оставка на првите луѓе на Дојче банк

ЖА/НН/дв/дпа/афп7 јуни 2015

Обвинувања за измама, скандали и разединето раководство: Дојче банк во последно време постојано е во фокусот на јавноста со негативни наслови. Сега доаѓа следната „бомба“: оставка на двајцата ко-шефови, Фичен и Џаин

Фотографија: picture-alliance/dpa/A. Dedert

Двајцата ко-шефови на Дојче банк, Јирген Фичен и Аншу Џаин, ненадејно најавија свои оставки. Џаин официјално ќе замине кон крајот на месецов, а Фичен по следниот Главен собир на банката во мај 2016 година, соопшти и официјално денеска Дојче банк.

Надзорниот одбор на Дојче банк го назначи поранешниот финансиски директор на ЈуБиЕс, (УСБ) Џон Крајен за наследник на Џаин со важност од 01.07.2015. По заминувањето на Фичен, Крајен ќе остане единствен шеф на Дојче банк. 54-годишниот Британец од 2013 година е член на Надзорниот одбор на Дојче банк. Од 2008 до 2011 година тој беше финансиски директор на банката ЈуБиЕс.

Од страна на Дојче банк информираат дека го замолиле Аншу Џаин до јануари 2016 година да остане на располагање како советник на банката. Фичен постепено ќе се повлекува од должностите заради континуитет и да овозможи новиот шеф целосно да ја преземе работата

„На вистински пат“?

Фичен и Џаин одамна се под притисок: на Главниот собир на банката во средината на мај во Франкфурт тие самите признаа-нивниот досегашен мандат од јуни 2012 година не е успешна приказна. Справувањето со старите бремиња било скапо и траело подолго од очекуваното. Освен тоа, менаџментот ги потценил новите задачи на надзорот во светски рамки. Но, двајцата ко-шефови беа категорични: се чувствуваат „на вистински пат“. 

Тоа не ги убеди акционерите на Дојче банк, тие го казнија раководниот двоец. Само 61 процент од присутните гласаа во нивен прилог, вообичаени се 90 проценти. Посебно со големи обвинувања беше соочен Аншу Џаин, долгогодишен прв човек на одделот за инвестмент, во кого ситните штедачи гледаат дел од вината за скапите судски процеси со кои е оптоварена банката.

Судски спорови и рекордни казни

Дојче банк постојано е следена од скандали во последниот период. Моментно концернот е вовлечен во повеќе илјади помали и покрупни случаи. Поради заканувачката правна катастрофа, банката досега на страна стави 3,2 милијарди евра, а раководството не исклучи дека тие нема да бидат доволни. „Товарот поради судските спорови и натаму е висок“, рече Фичен во јануари.

Последно во т.н. Либор скандал, манипулации со каматните стапки, банката направи скапо спогодување со британските и американските власти и плати рекордна казна од 2,5 милијарди американски долари.

ЖА/дв/дпа/афп

 LINK: http://www.dw.de/dw/article/0,,18501120,00.html

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми