Оставка на сириската влада
29 март 2011Оставката на владата доаѓа по двонеделни демонстрации на кои се бара повеќе демократија и се насочени против корупцијата во земјата. При судирите меѓу безбедносните сили и демонстрантите, пред се‘ на југот на земјата, загинаа најмалку 60 луѓе. Асад, кој во Сирија владее 11 години, најави свое обраќање до граѓаните. Се претпоставува дека претседателот ќе објави укинување на вонредната состојба во земјата, воведена уште во 1963 година.
Инаку, протестите на опозицијата, не се насочени конкретно против владата на премиерот Наџи Отри, туку повеќе кон претседателот Асад и неговата партија. Независни набљудувачи во оставката на владата, затоа, гледаат „жртвено јагне“ на политичкото раководство на земјата со цел од линијата на отстрел да бидат тргнати претседателот на земјата и партијата Баат.
Автор: ЕМФ/ртр/дпа
Редактор: Александра Трајковска