1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Оставка на советникот на Трамп за безбедност

Ж.А. /агенции
14 февруари 2017

Мајкл Флин, советникот за безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп, поднесе оставка по бранот критики поради воден разговор со руски дипломат околу ублажување на санкциите кон Русија.

USA Donald Trump und Michael Flynn in Palm Beach
Фотографија: Reuters/C. Barria

Советникот за национална безбедност на американската влада, Мајкл Флин, поднесе неотповиклива оставка. Тој спаѓа во најтесниот круг соработници околу претседателот Доналд Трамп, но „се сопна“ на телефонскиот разговор воден со рускиот амбасадор Сергеј Иванович Кисљак во Вашингтон.

Спротивно на американските закони?

Телефонскиот разговор бил воден во време кога американскиот претседател во заминување, Барак Обама, во декември воведе нови санкции против Русија. Белата куќа го потврди контактот. Портпаролот на Трамп, Спајсер, изјави дека не станувало збор за санкциите. Истата изјава ја повтори и вицепретседателот Мајк Пенс. Подоцна, од кругови на поранешни сегашни владини претставници, произлезе дека во разговорот навистина биле тематизирани и санкциите.

Во тоа време Флин беше само номиниран за функцијата советник за безбедност. Според американските закони, на американски граѓанин му е забрането да преговара со друга држава без да поседува соодветна легитимација. Весникот „Вашингтон пост“ пишува дека вршителката на должноста американска министерка за правда, Сели Јејтс, уште на крајот на јануари ја предупредила Белата куќа дека Флин лажел околу својата комуникација со Кисљак и на тој начин се ставил во ситуација да биде подложен на руски уцени.  

Келог, ветеран од Виетнамската војна, е нов советник за безбедностФотографија: Getty Images/D. Angerer

„Ненамерно кажување невистина“

Флин во меѓувреме му се извинил на потпретседателот Пенс во текот на една нивна средба во Белата куќа, откако медиумите инсистираа дека советникот за национална безбедност го излажал потпретседателот за содржината на неговите „приватни“ разговори со рускиот амбасадор. Во својата оставка тој истакнува дека ненамерно кажал невистина.

Флин беше поборник за подобрување на односите со Русија и заедничка борба против Исламска држава. Во изборната кампања тој беше еден од најверните приврзеници на Доналд Трамп.

Функцијата советник за безбедност привремено ќе ја врши поранешниот генерал Кијт Келог, ветеран од Виетнамската војна, соопшти Белата куќа.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми