1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Оставки на министрите и замениците-министри од СДСМ

К. Блажевска23 февруари 2016

„Доколку останува на сила одлуката за распуштањето на Парламентот, бараме да ни се констатираат оставките“, рече Оливер Спасовски.

Фотографија: Petr Stojanovski

Двајцата министри и тројцата заменици-министри предложени од СДСМ во преодната влада, денеска депонираа оставки на функциите. Пред зградата на Владата одлуката ја соопшти министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

„Министрите и дополнителите заменици-министри на СДСМ денеска поднесуваат оставки на своите функции во Владата на Република Македонија. Доколку останува на сила одлуката за распуштањето на Парламентот, бараме да ни се констатираат оставките“, рече Спасовски.

Тој не одговори на прашањето - дали ако денеска се повлече одлуката за распуштање на Собранието, тие ќе останат на функциите.

„Целта на преодната Влада беше да организира фер и демократски избори. Нема услови за фер демократски и кредибилни избори на 24 декември. Без прочистен избирачки список и без реформи во медиумите, СДСМ нема намера да легитимира неслободни и недемократски избори“, потенцираше Спасовски. На прашањето, дали е прекршен Договорот од Пржино, Спасовски рече дека Договорот е прекршен уште со едностраната одлука на ВМРО ДПМНЕ и ДУИ за распуштање на Парламентот и за избори на 24 ти април.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и министерката за труд и социјална политика, Фросина Ременски, беа избрани на функциите пред четири месеци - на 11 ноември 2015 година, во согласност со Договорот од Пржино. На предлог на СДСМ беа избрани и тројца заменици -министри: за информатичко општество Александар Кирацовски, за земјоделство Љупчо Николовски и за финансии Кире Наумов. До денес на функциите беа четири месеци.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми