1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Останете ладнокрвни!

Кај-Александер Шолц/бг19 јуни 2015

Мора да се преговара со студени глави за да се избегне можниот „грегзит“, коментира Кај-Александер Шолц. Ангела Меркел е веќе на добар пат

Фотографија: picture-alliance/dpa/B. von Jutrczenka

Пресметката со Грција е во финиш, со сите свои драматични моменти. Еврото отсекогаш било повеќе од валута, рече Ангела Меркел во говорот во парламентот во четвртокот, потсетувајќи што е влогот. Се разбира дека не настапи како „кралица на драмата“ со размафтани раце и со пискав глас. Беше сталожена како и секогаш, игнорирајќи ги на тој начин булеварските трачеви за високите грчки пензии.

Мудро коцкање

Задржувајќи ја улогата на „лејди кул“, Меркел уште еднаш ги подвлече фактите: пет години солидарност, но нереализирани реформи- за кои беше преземена обврска пред Тројката. Потоа одлука во еврогрупата, а на крајот веројатно повторно и во Бундестагот.
„Кога има волја, има и решение!“- зборови како продорен поглед во очите на младите Грци. Пораката меѓу редови е јасна и недвосмислена: „Ние нема да мрднеме ниту еден сантиметар повеќе- ниту можеме. Добрата волја на Германците е потрошена. Сега е редот на вас. Знам дека сакате да си играте: кој има посилни нерви. Јас можам да чекам!“
Но пресметката со Грција не смее да заврши како најславната пресметка во филмската историја: во филмот Беше еднаш на Западот. Фигуративно кажано: ќе протече „крв“ доколку европското семејство го остави непослушното грчко дете пред вратата, кое потоа ќе мора да се надева на помош од далечниот исток или од другата страна на Црното море.
И други „деца“ би можеле да тргнат по истиот пат. За првпат по европското обединување, ЕУ ќе биде ставена во рикверц. Имиџот на ЕУ ќе биде уште повеќе оштетен, отколку досега. И последиците за европските финансиски пазари во глобализациската игра можат да бидат драматични. Треба само да се потсетиме на облозите против еврото од другата страна на Атлантикот.

Кај-Александер ШолцФотографија: DW/S. Eichberg

Никој не сака грегзит

За среќа никој не сака грегзит- ни Меркел, ниту Ципрас. Тоа едногласно го велат во Берлин. На двајцата шефови на влади во моментов им е најважно да го решат проблемот без поголеми штети. Во моментов, преговараат за цената која треба да ја плати нивниот електорат. Коцкањето е дел од политичката умешност. Ладнокрвноста исто така. Секоја претерана реакција ќе го зголеми ризикот дека на крајот може да „падне крв“- се разбира само фигуративно. Тоа не смее да се случи!

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми