1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Остануваат и препораката и критиките

Б. Георгиевски/би/нова/макфакс8 октомври 2014

Македонија ќе ја задржи препораката за почеток на преговори со ЕУ и во годинешниот извештај на Европската комисија, но остануваат критиките за демократскиот развој и реформите во земјата. Балканот слабо напредува.

Фотографија: Reuters/Y. Herman

Регионот на Западниот Балкан во изминатата година не постигна напредок, а извештајот на Европската комисија ќе нотира повеќе неуспеси во областа на владеењето на правото, корупцијата и основните човекови права како слободата на изразување и заканите кон независните медиуми, јави порталот Балкан Инсајт повикувајќи се на дипломатски извори во Брисел.

Македонија ќе ја задржи препораката за почеток на преговорите, но ќе се нотираат и бројните недостатоци. Дипломатски извори велат дека земјата имала „лоша година“, во најголем дел поради опозицискиот бојкот на парламентот.

Порталот Нова јавува дека препораката за членство „е условена со напредок во независноста на судството и слободата на изразувањето“.

Комесарот за проширување Штефан Филе, кој наскоро ќе ја напушти функцијата, вчера најави дека ова ќе биде негов последен извештај во кој ќе се осврне на три работи: „проширувањето, земјите членки и кандидатите“.

„Во однос на проширувањето, започнавме да ги градиме новите основи на политиката на проширувањето, една политика со кредибилитет и која се однесува на основите. Откако претходно беше претставен новиот пристап во преговорите за проширување, со отворање на почетокот на поглавјата 23 и 24 кои се однесуваат на владеење на правото и основните слободи, вториот столб е економско управување за земјите-кандидати, со цел истите да бидат во линија со економските и трговски политики на ЕУ и да ги допрат конкурентноста, растот и креирање на работни места во своите земји. Третиот столб ќе бидат административните реформи, односно засилувањето на демократските институции“, изјави Филе.

Штефан ФилеФотографија: DW/W. Izotov

Во регионот на Западниот Балкан, најголема грижа за Брисел останува Босна и Херцеговина. Дипломатите забележуваат дека во оваа земја во минатата година бил забележан „мал политички и економски напредок, што е загрижувачки“. Србија се очекува да собере најмногу пофалби во извештајот, иако извори во Брисел велат дека ниту една од земјите од регионот не е подготвена да влезе во ЕУ во кус рок, во следните пет години.

Извештајот ќе нотира дека некои влади во регионот отворено се мешаат во работата на медиумите, создавајќи атмосфера на страв и автоцензура.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми