1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Осуден Босанецот кој планираше напади во САД

ЖА/дв/афп/ртре17 ноември 2012

Пред три години тој планирал самоубиствени напади во американското метро, а сега го стигна казната: американскиот државјанин роден во Босна, Адис Медунџанин, доби доживотен затвор.

Фотографија: Reuters

Сојузен суд во Њујорк на Адис Медуѓанин му досуди казна доживотен затвор. Поротата при пресудата во предвид ги имаше доказите за решеноста на родениот Босанец да изврши терористички акт во њујоршкото метро.

Ал Каеда е нарачател

Нападот требало да биде извршен во септември 2009. година, а според судот, налогот за тоа го дала Ал Каеда од Пакистан. Адвокатот на Медунџанин тврдеше дека неговиот клиент не е терорист. Тој единствено како муслиман бил бесен поради присутноста на американската армија во Авганистан и поради тоа во 2008. година заминал во таа земја.

Претстои пресуда против соучесниците

Медунџанин во 1990-те години, заедно со семејството ( на фотографијата), избегал поради војната со Србија. Според судот, тој нападот го планирал со уште двајца соучесници. Тие уште во 2010. година ја признаа вината. Искажувајќи готовност да дадат изјава против поранешниот пријател, двајцата соучесници издејствуваа олеснителна казна. Таа се‘ уште не е изречена, се очекува да биде позната идната година.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми