Осуден гeнералот што го држеше Сараево под опсада
12 декември 2007Реклама
Според судскиот совет во Хаг, генерал Милошевиќ е виновен за бомбрадирањата врз Сараево и гаѓањето на неговите жители со снајпер во периодот од 1994 до 1995 година. Милошевиќ, кој во тоа време беше командант на Сараевско-романсикиот корпус на војската на Република Српска, е виновен по пет точки од обвинението за тероризирање на граѓаните на Сараево, за убиства и нехумани дела врз цивилите.
Најужасен бил нападот врз пазарот Меркале
Претседателот на судскиот совет на Хашкиот трибунал, Патрик Робинсон, соопштувајќи ја пресудата, изјави: “Овој случај се однесува на опсадата на Сараево. Доказите откриваат ужасна приказна за градот кој беше опколен и во стапица 15 месеци, беше бомбардиран од позициите на Сараевско-романискиот корпус под команда на генерал Милошевиќ“.
Робинсон како најужасен напад врз цивилното население во Сараево, го издвои бомбардирањето на пазарот Маркале, на 28 август 1995 година, во кое загинаа 34 цивили, а беа ранети десетици. Судот во Хаг ги отфрли тврдењата на одбраната дека нападот врз Меркале го инсценирале властите во Сараево. Исто така е отфрлено и тврдењето на одбраната дека Сараево, поради постојаните борби, не можело да се смета за цивилно подрачје.
Милошевиќ се предаде сам
Генерал Милошевиќ му се предаде на судот во Хаг доброволно на 3 декември 2004 година. Во првото појавување пред судот изјави дека не е виновен за злосторствата за кои е обвинет. Претходникот на генерал Милошевиќ на местото командант на Сараевско-романискиот корпус, Станислав Галиќ, е осуден од страна на Хашкиот трибунал на доживотен затвор поради напад врз Сараево во периодот од 1992 до 1994 година.

Реклама