1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Осум жртви во нападот во Минхен, напаѓачите во бегство

Б. Георгиевски22 јули 2016

Најмалку осум мртви и повеќемина повредени во напад кој се случи во трговскиот центар во северно предградие на Минхен. Тројца напаѓачи вооружени со пушки се во бегство

Фотографија: picture-alliance/dpa/A. Gebert

Полицијата вели дека засега нема индиции оти се работи за напад со исламистичка позадина. Еден од напаѓачите, снимен со аматерска камера пред да почне да пука во луѓето, на глас вели дека е Германец роден во Германија. Полицијата засега не може да ги потврди информациите дека еден од напаѓачите се самоубил.
Портпаролот Маркус Мартинс изјави дека тројца осомничени напаѓачи вооружени со пушки се во бегство и полицијата трага по нив. Владини извори велат дека можат да потврдат со сигурност само еден напаѓач.
Нападот се третира како „можен тероризам“. Од граѓаните се бара да останат во своите домови додека трае потрагата.

Евакуација на луѓе од Трговскиот центар кој беше цел на напад.Фотографија: picture-alliance/AP Photo


Во Минхен е прогласена вонредна состојба и терористичка опасност. Евакуирана е главната железничка станица, а метро и автобускиот превоз е во прекин.
Германската влада заседава на вонредна седница, а министерот за внатрешни работи го прекина годишниот одмор и се врати во земјата.

Полицајците во потрага по напаѓачитеФотографија: Reuters/dedinac/M. Müller


Американскиот и францускиот претседател Барак Обама и Франсоа Оланд понудија помош за справување со состојбата.

Трговскиот центар Олимпија во Минхен.Фотографија: picture-alliance/dpa/F. Hörhager
Фотографија: picture-alliance/dpa/M. Balk

Минатата недела, малолетен напаѓач во воз кај Вирцбург нападна патници со секира. „Исламската држава“ подоцна соопшти дека напаѓачот бил нејзин член.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми