1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Отворање на амбасадата на САД во Ерусалим - без Трамп

ЖА / агенции
8 мај 2018

Американскиот претседател Доналд Трамп, кој го призна Ерусалим за главен град на Израел, нема да присуствува на отворањето на амбасадата на САД во градот.

Israel Jerusalem Schild zur neuen US Botschaft
Фотографија: picture-alliance/AA/M. Alkharouf

Американската делегација на свеченото отворање на амбасадата на САД во Ерусалим на 14. мај ќе ја предводи заменик-министерот за надворешни работи Џон Саливан, соопшти Белата куќа во Вашингтон. Во делегацијата ќе бидат ќерката на Трамп, Иванка Трамп, нејзиниот сопруг Џеред Кушнер и министерот за финансии Стивен Мнухин. Отсуството на Трамп многумина ги изненадува, со оглед што тој индиректно навести свое пристсутво на свечениот чин.

Преместувањето на американската амбасада од Тел Авив во Ерусалим и со тоа поврзаното признавање на Ерусалим за главен град на Израел е исклучително спорен чекор на владата на Трамп. Израел ја поздрави одлуката, а Палестинците во САД веќе не гледаат искрен медијатор во блискоисточната криза.

Повеќе: 

Палестинците не сакаат да разговараат со Американците

Трамп - силеџија од школскиот двор

Најголем дел од државите во светот, меѓу нив и членките на ЕУ, не го сметаат Ерусалим за престолнина на Израел, со оглед што Палестинците уште по израелската окупација на источниот дел од градот во 1967. година, имаат аспирации тој да биде главен град на идната палестинска држава. Тие одлуката на САД ја сметаат за кршење на меѓународното право.

Свеченото отворање на американската амбасада во Ерусалим демонстративно е поврзано со 70-годишнината од основањето на израелската држава. Палестинците пак неа ја сметаат за катастрофа и несреќа, зашто за нив основањето на Израел е поврзано со почетокот на протерувањето и бегството на околу 760.000 Палестинци.

Освен САД, во Ерусалим своите амбасади ги преместуваат Гватемала и Парагвај. 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми