1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Отворена истрага против Гутенберг

7 март 2011

Обвинителството во Хоф соопшти дека е отворена истражна постапка против поранешниот министер за одбрана Карл-Теодор цу Гутенберг поради неговата докторска дисертација, во која има нецитирани делови од други автори.

Karl-Theodor zu Guttenberg
Карл-Теодор цу Гутенберг поднесе оставка поради аферата пред една неделаФотографија: picture alliance/dpa

Обвинителот Рајнер Лајб денеска (07.03) соопшти дека се поднесени повеќе од сто кривични пријави во врска со обвинувањата против Гутенберг за плагијат. Надлежните власти вршат проверка и во својата работа ќе ги вклучат и резултатите од Комисијата за самоконтрола на Универзитетот Бајројт, задолжена за случајот Гутенберг. Според обвинителот Лајб, во прва линија се работи за тоа дали има прекршување на законот за авторски права. Засега не се наведуваат детали околу тоа колку би траела истрагата и што конкретно ќе се истражува.

Гутенберг самиот призна дека во неговата докторска дисертација има големи грешки, но одлучно демантираше дека намерно не ги навеил имињата на цитираните автори. Универзитетот Бајројт му ја одзеде докторската титула, а Гутенберг поднесе оставка на функцијата министер за одбрана минатиот вторник (01.03).

Инаку, членовите на комисијата на Универзитетот Бајројт задолжени за докторската дисертација на Карл-Теодор цу Гутенберг денеска во заедничка изјава се бранат себеси и наведуваат дека во времето кога докторирал Гутенберг, во 2006 година, не била вообичаена примена на технички средства за проверка на трудовите, односно за „препознавање на плагијати“. Професорите во својата изјава наведуваат и дека при постапката на докторирање постои интензивен однос на доверба меѓу менторот и докторантот, така што сите што биле вклучени во постапката поаѓале од тоа дека се почитуваат правилата на научно работење, за што е одговорен докторантот.

Автор: ЕМФ/ТТ/дпа/дапд

Редактор: Александра Трајковска

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми