Отворено Берлиналето
11 февруари 2005Со историскиот авантуристички еп "Man to Man", на францускиот режисер Режи Варние, вчеравечер во Берлин е отворено 55-то по ред Берлинале. На фестивалот на филмот, за наградата Златна и сребрена мечка се натпреваруваат 21 филм. Пред 2 500 гости, германскиот државенс екретар за култруа, Кристина Вајс со зборовите... ”55-тиот Меѓународен филмски фестивал Берлин е отворен”, даде зелено светло за почеток на неколкудневниот фестивал, на кој има многу филмови од и за Африка, како и филмови кои се занимаваат со темата праведност, без оглед дали притоа се говори за фудбал, секс или политика.
Филмот "Man to Man", кој ја раскажува приказната за двајца истражувачи кои на крајот на 19 век одат во јужна Африка за да го истражуваат заедничкото потекло на човекот и мајмунот, беше проследен со учтив аплауз. На многумина гледачи историскиот еп им беше премногу наивно раскажан.
Берлиналето трае до 20 февруари, и на него ќе бидат прикажани влкупно 350 продукции. На црвениот тепих, вчера имаше пред се германски актери и познати личности, но во текот на фестивалот, во Берлин ќе дојдат и ѕвезди како Кијану Ривс, Вил Смит, Жерар Депардје или Катрин Денев.