1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Отворен гигантскиот саем „Импорт Експо“ во Шангај

Јун Јан
5 ноември 2018

Култура на добредојде на кинески начин: со гигантски саем за увоз во Шангај, Кина сака да покаже дека е подготвена да го намалува својот трговски суфицит и дека е за отворање на пазарот. Но, не се сите убедени во тоа.

China Xi Jinping verspricht weitere wirtschaftliche Öffnung seines Landes
Фотографија: Reuters/A. Song

Изложбена површина со големина од 38 фудбалски игралишта, 3000 претпријатија од 130 земји во светот, 5000 изложени продукти кои првпат стигнале на кинеско тло. Кина уште еднаш се перчи со суперлативи. Присутни се економски величини како САП,Тисен Круп, Џенерал Моторс, Форд, Мајкрософт, Тесла и Волмарт. Како учесници се регистрирани дури и ИТ-гиганти кои се блокирани во Кина, како Фејсбук и Гугл.

На саемот за увоз во Шангај кој се одржува првпат, Кина сака да се презентира како отворена економска сила. Кина неодамна ги намали пазарните пречки за странските автопроизводители и фармацевтски концерни. Сега за германските автопроизводители како БМВ е можно да делуваат како главни акционери во „џоинт-венчр“ фирмите во Кина. Увозните царини за повеќето странски лекови се практично сведени на нула.

Сѐ уште премногу пречки на кинескиот пазар

Но за критичарите на трговските практики на кинеската држава рефорсмките мерки и мерките за отворање на пазарот сѐ уште не се доволни. Сѐ уште за многу бранши постои принуда за „џоинт-венчр“. Тоа значи дека странските инвеститори за да можат да бидат деловно активни во Кина, прво мора да најдат кинески партнер за соработка.

Повеќе: Економската моќ и политичките амбиции на Кина

Странските претпријатија и натаму мора да ја плаќаат цената на објавување на дел од своето ноу-хау доколку сакаат да фатат корен на кинескиот пазар. Одлевањата на капиталот и натаму се строго контролирани и регулирани од страна на кинеската држава. Особено во времиња во кои кинеската валута, јенот, е под притисок поради трговската војна со САД.

И, сѐ уште, премногу економски активности се централно управувани и надгледувани од страна на кинеската држава. Така е и со учеството на мега-настанот во Шангај. Претставници на германски фирми за ДВ рекоа дека во зависност од големината на претпријатијата, делумно добиле огромни изложбени површини бесплатно - домаќинот не би сакал „да го загуби образот“ доколку халите се празни.

Кинескиот претседател Ши Џинпинг вети натамошно отворање на својата земјаФотографија: Reuters/A. Song

Пораката е наменета за САД...

За да покаже дека Кина е нација која увезува, кинескиот претседател Ши Џинпинг го иницираше саемот „Импорт Експо“. Тој, како покровител на саемот, заедно со сопругата ќе организира државен банкет за странските почесни гости. На отворањето на саемот денеска тој повторно се презентира како поборник на глобализацијата и слободната трговија, како што тоа го стори на почетокот на 2017 година, на Светскиот економски форум во Давос, два дена пред Доналд Трамп официјално да ја преземе претседателската функција во САД.

Повеќе: Кина против САД: војна за економска превласт

САД се всушност главната адреса на кинескиот гигантски саем. Слично како Германија и Кина во трговскиот конфликт со САД постојано мора да слуша дека има преголем извозен волумен и преголем трговски суфицит. Контрааргументот на Кина гласи: земјата никого не принудила да купува кинески производи. Освен тоа, странските фирми се вистинските добитници кога, како Епл, во Кина ги произведуваат своите продукти, а самите го касираат главниот дел од добивката.

...но тие не реагираат како што се посакува

Вашингтон досега нема „отворени уши“ за кинеските аргументи, иако претседателите Трамп и Ши имаат постигнато напредок за надминувањена трговскиот конфликт. САД не испраќаат политичари од висок ранг на „Импорт Експо“ во Шангај. „Кина мора да ги спроведе неопходните реформи за да стави крај на нефер трговските практики кои ѝ нанесуваат штета на светската економија“, изјави протпарол на американската амбасада за агенцијата АФП непосредно пред официјалното отворање на саемот.

Повеќе: Нови американски царини против Кина

На тоа одговори портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Хуа Чунјинг: „САД, од една страна, бараат од Кина отворање на пазарите за американските производи и услуги, а од друга страна САД не се подготвени да испратат некого кога ние ги отвораме вратите и каниме луѓе од цел свет.“ Таков начин на зборување и делување е екстремно контроверзен и тешко сфатлив, изјави Хуа.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми