Подмладување на клетките
22 ноември 2011
Староста повеќе можеби нема да биде фаталност. Тоа е надежта која ни ја дава научниот труд на научниците од Институт за функционална геномика во Монпеље. Тие на почетокот на месецот ги објавија резултатите од своите испитувања во ревијата „Gênes & Développement“ (Гени и Развој), при што објаснуваат дека успеале да ги вратат остарените човекови клетки во нивната најрана младост. Односно клетките на стогодишник тие ги претворија во клетки на новороденче.
Стареењето повеќе не е неповратен процес?
Научниците своите испитувања ги започнаа поаѓајќи од интуицијата дека стареењето не е неповратен процес. Меѓу научните кругови ова прашање се поставува веќе повеќе децении, со веќе неколку видливи резултати: акциите на теломерите, ДХЕА итн. Но овој пат, се работи за „бришење“ на знаците на стареење на клетките и враќање на времето се до појдовната точка на клетката, како кога се враќаат стрелките на часовникот.
Професорот Жан-Марк Леметр, објаснува дека тие започнале со нивните испитувања сметајќи дека ако може да се изманупилира „судбината“ на клетките и да ‘и се дадат својства на помлади ембрионални клетки со тоа ќе се избришат знаците на стареење. Според професорот, од 2007 година се знаеше дека може да се промени судбината на клетките со користење на четири гени, но тоа се покажа неуспешно. Неговата екипа користела шест гени и таа не само што била способна да ги размножува клетките, туку и да ги доведи до состојбата на ембрионални или матични клетки.
„Користејќи ја оваа стратегија со нивна промена во ембриoнални клетки, клетките се уникатни и имаат способност на безгранично самообновување и се способни да се претворат во било која клетка на организмот. Со оваа стратегија нашите клетки ги избришаа знаците на стареење и беа способни да се претворат во било која клетка на организмот со помладена физономија. “ , објаснува професорот Леметр.
Крајната цел е да се за прозведат компатибилни ткива или органи
Во научните испитувања во институтот во Монпеље се користеа клетки од кожата на едно лице старо 101 година, благодарејќи на „коктелот“ од шест гени, тие клетки се претворија во матични или ембрионални клетки, способни да се претворат во неврони, ткиво, мускули или коски.
Засега се прават терапетски испитувања со вистински ембрионални или матични клетки, терапетските испитувањата со вака помладените клетки нема да започнат веднаш, бидејќи потребни се уште фундаментални испитувања.
Ова откритите дозволува да се рабере процесот на стареење и ја отвора вратата за регенеративната медицина. Односно, на крајот од научните испитувања, тие треба да доведат до „произведување“ на свои сопствени „резервни ембрионални клетки или органи/ткива“ за замена или корекција на некои патологии (болести) поврзани со стареењето. Кои, што е многу важно, се целосно компатибилни со организмот, со што ќе се избегне феноменот на отфрлање на пресадените органи или ткива и со тоа тешката терапија која е поврзана со пресудавањето на органи и ткива.
Барем засега научниците не сакаат да зборуваат за „изворот на вечната младост“, односно за целосно подмладување на сите клетки на човековиот организам.
Автор:Тони Гламчевски
Редактор: Симе Недевски