1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Наука

Комбинирани мутации на коронавирус во Велика Британија

Александер Фројнд
3 февруари 2021

Комбинацијата со јужноафриканска мутација го прави британскиот сој на коронавирус уште позаразен и може да ја намали ефикасноста на вакцините

Symbolbild Europa schottet sich von UK ab | High Alert London
Фотографија: Tolga Akmen/Getty Images/AFP

Едно зло ретко доаѓа само: во Велика Британија се откриени први случаи на британската варијанта на коронавирус кои во себе носат дополнително и генетска промена на јужноафриканската вирусна линија.

Тоа е загрижувачки, зашто така можат да се комбинираат две негативни карактеристики – веќе и самата британска варијанта Б.1.1.7 предизвикува вирусот да е попренослив. За разлика од британската мутација, уште позаразната јужноафриканска корона-варијанта 501Y.V2 во себе ја носи и мутацијата E484K. Истата оваа мутација E484K се наоѓа и во бразилската варијанта Б.1.1.33 и Б.1.1.28.

Мутациите се смета дека се посебно заразни за младите луѓе под 20 години. Освен тоа, мутацијата E484K предизвикува неутрализирачките антитела, создадени преку вакцина или преку прележана инфекција со Ковид-19, да не се врзуваат толку стабилно на вирусот.

Со тоа не само што можеби се намалува ефикасноста на веќе постојните вакцини, туку со вирусот можат повторно да се инфицираат и оние кои се веќе излекувани. Во Бразил се регистрирани веќе поединечни вакви повторни инфекции со мутацијата E484K. 

Како да се идентификуваат мутациите на коронавирусот?

01:53

This browser does not support the video element.

Секвенцирањето нуди точен увид

Британските здравствени власти вршат многу поинтензивно секвенцирање на земените проби отколку германските, па од Велика Британија има многу подетални податоци какви варијанти на вирусот сега се во оптек.

Според наводите на New and Emerging Respiratory Virus Threats Advisory Group (Nervtag), кај 200.000 испитувани вирусни секвенци веќе се откриени 11 вакви комбинации на мутации, значи не се само поединечни случаи, туку веројатно постојат и многу повеќе.

„Загрижувачки развој“

Американскиот епидемиолог Ерик Фајџл – Динг од Федерацијата на американски научници овој развој кусо го оцени – „не е добро".

Како „загрижувачки развој“ појавата на овие случаи ја оценува и вирологот Џулијан Танг од Универзитетот Лестер. Натамошно ширење може да доведе до мешавина на различни нови варијанти, изјави тој за Би-Би-Си.

Тој ја истакнува важноста од тоа луѓето да се придржуваат на правилата на локдаун и да се сузбиваат случаите на коронавирус. Во спротивно, тој не само што ќе се рашири натамошно, туку и дополнително ќе се развива.

Повеќе на темата:

Вакцини со послаб ефект придонесуваат за опасни мутации

Низ С.Македонија „шетаат“ 20 мутации на коронавирусот

Дали мутациите ќе го направат коронавирусот безопасен?

Ако овие комбинации на мутации станат доминантни, совладувањето на пандемијата ќе биде значително отежнато. Доколку во кратко време се разболат уште поголем број луѓе, постои можност и онака преоптоварените здраствени системи целосно да колабираат.

На испит делотворноста на вакцините

Сега со полна пареа се врши проверка како се справуваат веќе одобрените вакцини со мутациите и комбинациите на мутации. Според Бионтек/Фајзер, нивната вакцина во голема мерка дејствува и против вирусните мутанти од Велика Британија  и Јужна Африка.

Повеќе на темата:

Вакцината на Бионтек ефикасна и против мутираниот коронавирус

Европа се изолира од Велика Британија поради новата варијанта на коронавирусот

Паралелно, производителите на вакцини во светот веќе развиваат и апдејти на своите вакцини, кои се приспособени на новите варијанти на вирусот. Но, развојот, тестирањето, одобрувањето, продукцијата и вакцинирањето, како што е познато, траат долго.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми