Од 1 март во Германија стапува во сила нов Закон за доселување стручњаци. Тој се однесува на квалификувани работници од земји надвор од ЕУ, значи и од С. Македонија. Што се регулира со овој закон и што се менува со него?
Реклама
Да се живее и работи како странец во Германија не е лесно. Сојузна Република Германија никогаш не се гледала себеси како доселеничка земја. Но, во меѓувреме овде недостигаат повеќе од милион стручњаци. Лекари, медицински работници, инженери и информатичари и порано можеа да доаѓаат олеснето на работа во Германија преку т.н сина карта, но услов беше доста висока плата. Владата мораше да дејствува и усвои закон кој ја олеснува миграцијата од т.н. трети земји, односно држави надвор од ЕУ. Законот стапува во сила утре, 1 март 2020. Еве што е најважно:
Што во законот се подразбира под – стручњак?
Како стручњаци веќе не се сметаат само луѓе со висока стручна подготовка, туку и квалификувани лица чие стручно образование траело најмалку две години и е еквивалентно со германското образование. Дипломите мора да бидат признати во Германија.
Забрзано признавање дипломи
За признавање на дипломи е одговорна Централна меѓународна служба за вработување (ЦАВ) со седиште во Бон, која припаѓа на Сојузната агенција за вработување. Како функционира тоа е објаснето на интернет порталот „Make it in Germany", каде исто таа можат да се најдат соодветни линкови.
Нема веќе бескрајно чекање
Целта е признавањето на дипломите да заврши во рок од три месеци по предавањето на сите потребни документи. Процесот на издавање на визи за стручњаци во иднина би требало да трае најдолго 4 до 6 недели.
„Чекањето на визата за Германија е најтешко“
02:28
Кога ќе ве ангажира работодавач
Законот кој важи од 1 март подразбира и забрзана процедура според која идниот германски работодавач, со полномошно од работникот, може да ги застапува неговите интереси и да преговара со надлежната Служба за странци. Кога ќе се соберат сите потребни дозволи, Службата за странци мора да ја информира германската амбасада која во рок од три дена треба да издаде виза.
Во кои професии може да сеработи?
Во принцип, ќе важи следното: било кој стручњак од земја надвор од ЕУ, кој може да докаже дека има договор за работа во Германија и одредени стручни квалификации, може да дојде да работи во Германија.
Со новиот закон не се опфатени помошните дејности за кои не е потребна стручна квалификација. Но, ако поседувате основна професионална квалификација и можете да докажете дека поседувате договор за работа или понуда за работа во Германија, можете да се доквалификувате. Меѓутоа, идниот работодавач мора да се обврзе на доквалификација и таа мора да доведе до призната квалификација во рок од две години.
Расте интересот за учење германски јазик
03:23
This browser does not support the video element.
Дозвола за престој
Секој кој има договор за работа или конкретна понуда за работа ќе добие дозвола за престој на четири години или онолку колку што трае договорот за работа. По четиригодишен престој, стручњаците можат трајно да се населат во Германија, односно стекнуваат право на неограничен престој.
Секој кој сака да бара работа во Германија, ќе добие виза на шест месеци. Предуслов: мора да имате пари да ги покриете трошоците за живот во текот на тој период и да бидете во состојба доволно да зборувате германски (ниво Б2).
Студирање и стручна обука
Новиот закон се однесува и на странци кои сакаат да студираат или стручно да се образуваат во Германија. Покрај наведените услови, мора да се поседува свидетелство од некоја германска школа во странство или завршена школа која дава право да се студира на универзитет – не смеете да имате повеќе од 25 години. Ако две години по дипломирањето сте работеле во Германија, имате право на постојан престој.
Постари од 45 години
Посебен пропис се однесува на стручњаци над 45 години. Ако сакате да дојдете во Германија, мора да имате плата од најмалку 3685 евра бруто или доказ дека сте уплаќале за пензија.
Посебна регулатива за дефицитарните занимања
На пример, ако сте лекар, информатичар или геријатриска медицинска сестра и имате најмалку пет години работно искуство, не ви треба формално признавање на квалификациите. Но, работодавачот мора да се обврзе дека ќе ги покрие трошоците за живот и депортација во тек од една година – кога работниот однос ќе заврши, доколку вработениот не сака доброволно да ја напушти Германија.
Доаѓате со семејството?
Ако во Германија доаѓате со семејството, мора да приложите доказ дека можете да го издржувате и имате доволно голем стан, тоа значи околу 950 евра по лице месечно и 10-12 квадратни метри простор по лице. Деца до две години не се сметаат. Исто така, вашата сопруга или сопруг и деца постари од 16 години мораат да поседуваат основно знаење на германски јазик, на ниво А1. Како новодојден немате право на социјална помош.
Неколку совети за аплицирање за работа во Германија
Во Германија, апликантите често пати грешат за исти работи. Еве неколку совети како да го направите следниот чекор во процесот на вработување. Многу нешта звучат очигледно, но не ги потценувајте!
Фотографија: Colourbox
ТРЕБА: Аплицирајте за реалистични работни места
Прочитајте го описот на работното место и бидете сигурни дека ви одговара. Доколку тукушто излегувате од училиште, немојте да аплицирате за директорско место. Но, истовремено не бидете прескромни. Компаниите често добиваат огромен број апликации и посветуваат едвај 5 минути за секој кандидат. Доколку веднаш не увидат дека одговарате, Вашата апликација ќе заврши во одбиените.
Фотографија: picture-alliance/dpa
НЕ ТРЕБА: Да испраќате нецелосни апликации
Бидете сигурни дека испраќате се што е потребно за огласот. Секогаш нека ви бидат подготвени документите, за да не пребарувате во последен момент. Најчесто ќе ви требаат Биографија, Мотивациско писмо, препораки и ПДФ копии на дипломите, како и други документи кои ја докажуваат Вашата квалификација.
Фотографија: C. Klose/dpa/picture alliance
ТРЕБА: Држете се до стандардот
Иако креативноста е често добар квалитет, треба да водите сметка за некои германски стандарди во апликацијата, на пример: датум на раѓање, брачен статус - и најконтроверзно- Ваша фотографија.Тоа е традиција во Германија. Повеќе не е неопходно, но комисиите сакаат да ја видат, макар и само за да им помогне да ги запаметат кандидатите.
Фотографија: picture alliance/dpa/C. Klose
НЕ ТРЕБА: Испраќање до непознат
Не ја адресирајте апликацијата со „До засегнатите“ или „Драги г-не, дрaга г-ѓо“. Потрошете малку време на истражување на компанијата и пронајдете кој е шеф на човечки ресурси. Тоа покажува иницијатива и интерес. Пребарајте на интернет страницата на компанијата или на социјалните мрежи за да знаете кому да се обратите. Не заворавајте да ја наведете и адресата на компанијата на писмото.
Фотографија: picture-alliance/dpa/C. Klose
ТРЕБА: Лекторирајте
Ова е нешто што оние кои регрутираат постојано го потенцираат- лекторирајте! Лесно е, бесплатно и не одзема многу време. За некои оддели едноставните јазични грешки се крај. Други имаат повеќе разбирање, но сепакт остава многу лош впечаток, особено ако другите апликанти се потрудиле нивната апликација да биде безгрешна.
Фотографија: picture alliance/dpa/C. Klose
НЕ ТРЕБА: Да го правите сами
Побарајте помош или совет, особено доколку не сте од Германија и не ви е мајчин јазик. Нека препрочитаат и нека ви сугерираат идеи. Дури и доколку Биографијата ви е на англиски, вашето мотивациско писмо треба да е на германски. Работодавачите веројатно ќе сфатат дека некој ви помогнал, но ќе знаат и дека ви било важно да се претставите во најдобро светло.
Фотографија: picture alliance/dpa/S. Marks
ТРЕБА: Да биде автентично
Лажење во апликацијата е лоша идеја. Бидете свои и бидете креативни. На германскиот пазар на трудот сега е далеку понеформално во однос на изгледот. Тетоважи, пирсинг и шорцеви до неодамна беа неприфатливи. Сега дури и полицајците си ги покажуваат тетоважите. Овие добредојдени промени имаат врска со дигитализацијата и недостатокот на квалификувани работници.
Фотографија: picture-alliance/empics/A. Matthews
НЕ ТРЕБА: Да бидете неконзистентни
Вашето резиме и мотивациското писмо нека бидат конзистентни. Тоа се однесува на форматот, фонтот, јазикот, сѐ. Тоа се првите нешта кои се гледаат и кои оставаат впечаток. Содржината исто така мора да биде конзистентна: датуми, места, настани... не смее да има разлика. Во суштина, подобро е да се испрати повеќе одошто помалку. Но, истовремено, не претерувајте со текст од 30 страници!
Ова е важна животна лекција која многумина се уште ја игнорираат кога постираат пијани фотографии или неприкладни нешта. Замислете што ќе помисли идниот шеф за Вас? Дополнително, вашите социјални профили треба да бидат ажурирани и да покажуваат позитивен имиџ на прикладен кандидат за работното место кое се бара.
Фотографија: picture-alliance/empics/D. Lipinski
9 фотографии1 | 9
Уште важат посебните правила за Западен Балкан
И покрај тоа што новиот закон стапува во сила од 1 март, стариот закон за земјите од Западен Балкан важи до крајот на годината. Според тој закон за доаѓање во Германија, не беше потребна диплома, ниту положен испит за знаење јазик, а можеа да доаѓаат и неквалификувани работници. Препорака на правниците е да не се повлекуваат старите барања, иако нивната обработка може да трае и подолго од истекот на важноста на стариот закон, до 31.декември 2020 година.
Дали законот се однесува на бегалците и барателите на азил?
Во основа, да, но само за мал број луѓе со т. дулдунг, толериран престој. Одреденото лице мора да докаже дека работи најмалку еднаипол година повеќе од 35 часа неделно и на тој начин заработува доволно за живот. Покрај тоа, мора да зборува германски на ниво Б2 и не смее да биде казнувано.
11 зборови кои ви се потребни за работа во Германија
Сакате да работите во Германија? Научете ги овие 11 зборови. И да, бирократија е едниот од нив!
Фотографија: picture-alliance/dpa/S. Sauer
Büro(kratie)/Бирократи
Многумина не работат во канцеларија, но доколку работите во Германија, канцеларија се вика „Büro“. Се разбира, од биро до бирократија нема голема разлика и многу канцеларии во Германија го исполнуваат стереотипот со тоа што ги ставаат работите во кутии, наместо да размислуваат надвор од нив. Ова може да доведе до многу „Amtsschimmel“ што во буквален превод значи канцелариска мувла.
Фотографија: Olaf Wandruschka - Fotolia.com
Chef/Шеф
Секој вработен во Германија има „Chef“. Тоа е нивниот претпоставен и не, тој не готви за нив. Доколку претпоставениот е жена, тогаш се вика „Chefin“. Зборот е предизвик и „лажен пријател“ за Германците кои учат англиски јазик. Но, зарем не би сакале да имате личен готвач? Тој луксуз е резервиран само за врвните директори – кои немаат претпоставени.
Фотографија: picture-alliance/dpa
Telko/Телко
Добрата комуникација е клучна за успешно завршување на работите, нели? Во модерниот и глобализиран свет сите со кои треба да комуницирате не се во вашата зграда. За голем број од вработените, телефонските конференции, „ Telefonkonferenz “, се секојдневна рутина. Германците сакаат да ги кратат зборовите па така „Telefonkonferenz“ станува „Telko “.
Фотографија: Gajus - Fotolia.com
Gleitzeit/Глајтцајт
"Gleitzeit" – во буквален превод значи „лизгаво време“ и е сон за сите кои не се ранобудци. Тоа е флексибилно време. Додека колегите го пијат третото кафе во 9:59 часот наутро, можете да дојдете на работа пред да почне најдинамичниот дел од работниот ден. Но, тоа можете да го направите само доколку некој од вашите колеги не закажал „Telko “ во 8 часот.
Фотографија: Colourbox
Kantine/Кантине
Јадењето на топол оброк за ручек е многу важно во Германија. Голем дел од компаниите нудат „Kantine“, односно кафетерија/кантина каде што може да се најдат традиционални јадења. Доколку внимавате на вашата тежина, тогаш добра идеја би било да си понесете јадење од дома. Во секој случај, кога Германец ќе види дека јадете ќе ви рече "Mahlzeit", односно „пријатно јадење“.
Фотографија: Imago
Quereinsteiger/Кверајнштајгер
Во Германија, вообичаено е луѓето да работат во полето во кое биле образувани и долго да останат на тоа работно место. Неретко е многу тешко да ја промените работата затоа што голем дел од работодавачите очекуваат дипломи и сертификати од нивната област. За оние кои успеаваат да се преориентираат има посебен збор: "Quereinsteiger", што во буквален превод значи - страничен сурфер.
Фотографија: Colourbox/Pressmaster
Ausgleichstag/Аусглајхстаг
Работевте прекувремено во последно време? Тогаш време е да ги земете заработените пари и да одите на „Ausgleichstag“, односно да земете слободен ден за компензација. Доколку имате само еден ден и живеете на северниот брег, можете да прошетате по плажа. Но, доколку ви се собрани повеќе денови, имате доволно време да организирате некое подолго патување. Само мобилниот телефон оставете го дома.
Фотографија: picture-alliance/dpa/Naupold
Betriebsrat/Бетрибсрат
Да се биде фер е приоритет во германската работна средина и секоја компанија задолжително мора да има „Betriebsrat“, односно совет на вработени кои ги застапуваат своите колеги. Тие се медијатори и ги олеснуваат преговорите со менаџментот со цел да се осигураат дека сѐ тече како што треба. Ако размислувате да се кандидирате за некоја јавна функција, „Betriebsrat“ е добро место за почеток.
Терминот значи „одговорно лице за обезбедување на еднакви можности“. Позади импресивната титула, стои важна улога која обезбедува фер работна средина. Овие лица учествуваат во процесот на регрутирање на нови работници и се присутни на интервјуата. Нивната задача е да се осигураат дека жените, лицата со попреченост и малцинствата имаат исти можности при вработувањето како сите други.
Фотографија: Fotolia/Andrey_Arkusha
Elternzeit/Елтернцајт
Се преведува како „време за родителите“, но во пракса тоа е всушност „време за децата“. Стапката на новородени во Германија е толку ниска што потенцијалните родители се мотивираат со 12 до 14 месеци платено отсуство од работа, т.е. „Elternzeit“, а по раѓањето на детето, на родителите им се гарантирани следните 3 години на работното место.
Фотографија: picture-alliance/dpa
Feierabend(bier)/Фајерабенд(биер)
Сите добри нешта имаат крај (дури и работниот ден). Во Германија, тогаш започнува забавата (дури и за канцеларката). Крајот на работниот ден се нарекува „Feierabend“- „време за забава“. За освежителниот пијалок во кој речиси сите возрасни уживаат на крајот на денот има посебен збор „Feierabendbier“, односно пиво за крај на работниот ден.