1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Отцепувањата на територии во светот не се реткост

Томас Шварц / Александар Методијев31 март 2014

Правото на самоопределување и правото на зачувување на територијалниот интегритет се во контрадикција. Русија учествуваше во отцепувањето на Абхазија и Јужна Осетија, ама не ја признава независноста на Косово.

Фотографија: picture-alliance/dpa

Референдумот за отцепување на Крим од Украина и Договорот за приклучување кон Русија за Западот и Украина се спорен чин и кршење на меѓународното право. Но, отцепувањата не се реткост.

На ваков начин се создадени повеќе од 20 држави во светот, меѓу кои Бангладеш, Белгија, Норвешка и Косово. Битката за правото на самоопределување и за правото на зачувување на територијалниот интегритет често е крвава.

Во август 2008-та руските трупи навлегоа во Јужна Осетија, ги протераа грузиските војници, кои таму веќе беа продреле, и напредуваа на грузиска територија речиси до главниот град Тбилиси. Битките во Јужна Осетија и во исто така отцепениот регион Абхазија траеа четири дена. Околу 850 луѓе беа убиени.

Шефот на Кремљ, Владимир Путин, ја образложи својата постапка со повик за помош од Јужна Осетија и со потребата за заштита на руските државјани, меѓу кои и припадниците на мировни сили, стационирани таму од 90-ите години. Грузија навистина ги нападна овие војници во обид со вооружена сила да ја спречи Јужна Осетија да се отцепи.

Две недели по крајот на борбите Москва ја призна независноста на Јужна Осетија и Абхазија - пример што го следеа само неколку држави, меѓу кои Венецуела и Никарагва. Двете области денес де факто ѝ припаѓаат на Русија.

Русија го помогна отцепувањето на Абхазија и Јужна Осетија

Во февруари 2008. Косово прогласи независност. Српската покраина до тој момент беше управувана од Обединетите Нации, по крвавата војна со илјадници мртви, во која интервенираше и НАТО со оправдување - да спречи геноцид врз Косовците.

Жителите на Косово во 2008-ма година повеќе не мораа да се чувствуваат зарозени. Владата во Приштина сепак се определи за прогласување независност, оти преговорите со Србија за политичката иднина не донесоа резултат. Меѓународниот суд на правдата во 2010-та година одлучи дека со прогласувањето на независноста не е прекршено меѓународното право.

Судиите сепак не го разјаснија меѓународно-правниот статус на поранешната српска покраина. Во меѓувреме, повеќе од 100 држави ја признаа независноста, а меѓу нив се и поголемиот број земји-членки на ЕУ и САД. Членството на Косово во ОН го спречува Русија со правото на вето.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми