1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Официјално: Малцинствата во Албанија ќе го бојкотираат пописот

28 септември 2011

Малцинствата во Албанија денеска (28.09) и официјално потврдија дека ќе го бојкотираат пописот во таа земја, кој почнува на први окомври.

ТиранаФотографија: DW

И покрај тоа што премиерот  на Албанија Сали Бериша вети европски попис, малцинствата, образлагајќи дека не можат слободно да ја искажат нивната етничка припадност, со заедничко соопштение денеска ги запознаа албанските инситуции и меѓународните претставници, дека ќе го бојкотираат пописот. Декларацијата, од името на малцинствата, пред новинарите ја презентираше Васил Болано, лидер на здружението на Грците „Омонија“. 

Фотографија: Kathrin Erdmann

„Со заедничка декларација ги известуваме албанските власти и меѓународниот фактор во Албанија дека ќе го бојкотираме пописот, затоа што владата не прифати ниту едно барање од малцинствата. Сметаме дека во овие услови нема можност за реален и демокатски попис и оти пописот ќе се фалсификува“, изјави Васил Стерјовски од Македонската партија.

Законот за попис малцинсвата во Албанија го сметаат за дискриминаторски. Тие неодамна потпишаа заедничка декларација, со која побараа бришење на член 20, со кој се предвидува казна од илјада долари за секој граѓанин што на пописот ќе декларира национална припадност различна од впишаната во матичната евиденција. Тоа значи дека, Македонците, кои како такви се признаваат само во областа Мала Преспа, може да се изјаснат тоа што се само во оваа област. Исто така, не е задоволено и барањето за соодветна застапеност во пописните комисии, инструктори и попишувачи. Албанските власти признаваат само околу 60 илјади припадници на малцинствата во Албанија, додека малцисвтвата тврдат дека се една третина. Тие, поради истите причини, пописот го бојкотираа и пред десет години.

Автор: Вера Тодоровска

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми