1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Охрабрувачот треба да биде храбар

13 февруари 2017

Франк-Валтер Штајнмајер стана 12-ти претседател на Сојузна Република Германија и сака да ги охрабрува граѓаните во актуелните несигурни времиња. За таа цел, тој и самиот треба да покаже храброст, смета Кристоф Штрак.

Reichstag in Berlin Bundesüräsident Steinmeier Antrittsrede
Фотографија: Reuters/F. Bensch

Дали на почетокот на мандатот на новоизбраниот германски сојузен претседател Франк-Валтер Штајнмајер постои некое мото? Во неговиот говор постојано се повторуваше еден краток, но јасен и многу претенциозен збор: „храброст“. Штајнмајер својот прв говор по изборот за шеф на државата, го заврши со оваа реченица: „Да бидеме храбри, тогаш нема да се грижам за нашата иднина“. 

На 19. март тој ќе ја преземе функцијата од својот претходник, Јоахим Гаук. На мотото на Гаук: „слобода“, сега се надоврзува новото - „храброст“. Значи, Штајнмајер ќе биде  охрабрувач, а контекстот го навести во говорот: раширената несигурност кај луѓето во државата, загриженоста за демократијата во актуелните бурни времиња.

Кристоф ШтракФотографија: DW

Заложбата на 61-годишниот политичар да настапува во функција на охрабрувач, не се ограничува само на агитирањето за отворено општество. Штајнмајер треба да даде уште поголем прилог - да го затвори јазот меѓу „политиката“ и „оние“ кои се чувствуваат запоставени од системот. Еден претседател треба да успее да допре до оние, до кои политиката веќе не е во можност да стигне. Но, во улога на охрабрувач, Штајнмајер би требало да избира помалку дипломатски и сувопарни зборови, да врши похрабар избор на зборовите со кои се обраќа од оној кој го имаше во улога на шеф на дипломатијата.

Јачината на поранешниот пастор Гаук беше и е што неговите зборови, често многу силни, остануваат во сеќавање. Тоа е мерката според која ќе се мери и Штајнмајер, ако, како што кажа на почеток, сака да даде придонес во „спасувањето на разумот во демократијата“. За да го постигне тоа, треба малку повеќе да вложи токму во вакви, официјални говори. А за тоа е исто така потребна храброст, која му ја посакуваме. 

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми