1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Историја

Охридска Школа

ЕМФ / кна
5 јуни 2021

„Охридска Школа“ е една од низата информации на католичката агенција КНА поврзани со историјата на христијанството. Еве што се вели во неа:

West Balkan Länder - Mazedonien - Ohrid
Фотографија: Imago/D. Delimont

Охрид, местото од каде тргнала словенската мисија, е основан од страна на Римјаните и од дамнина културен и духовен центар. Својот најголем процут го има доживеано во доцниот среден век.

Првата словенска епископија одигра важна улога во христијанизацијата на балканскиот регион.

Климент (Клеменс) од Охрид (околу 835/40-916) бил најпознат ученик на словенските апостоли Кирил (827/28-869) и Методиј (815/20-885). Климент во 893/94 година стана првиот словенски епископ во градот. Тој го воспостави високиот теолошки ранг на Охрид (Ахрида). Работел како писател и преведувач и, според преданијата, предавал на околу 3.500 ученици, вклучително и Свети Наум (околу 830-910).

Таканаречената Охридска школа била еден од двата духовни центри во тогашното Бугарско Царство. Таа со „кирилската азбука“ што понатаму ја разви Климент, ги пренесла христијанството и староцрковнословенската литургија преку Романија до територијата на Киевска Русија и преку Москва до длабоко во денешна Русија.

Повеќе:

Северна Македонија: Колевка на словенската теологија

1.150 години од смртта на Свети Кирил

Светите Кирил и Методиј, покровители на Европа

Охридската школа се одржала и по падот на Бугарското Царство. Градот се развива во надрегионален центар на православното христијанство во цела југоисточна Европа. Како надбискупија со огромен размер, Охрид на почетокот на 11 век стекнува автономија од Бугарската патријаршија. Архиепископот бил назначен од царскиот двор во Византија. До крајот на 12 век, црковната провинција Охрид имала 25 епархии.

По вековите на менување на Византија, Бугарија и Србија, во 15/16 век Охрид паѓа под османлиска власт. Како одмазда за поддршката на востаниците за време на турските војни, историската Охридска надбискупија е распуштена во 1767 година.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми