1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Охриѓани 19 дена живеат во страв

БГ
6 јули 2017

По серијата земјотреси и охриѓани и туристите го напуштаат градот. Голем дел жители на туристичкиот град ноќите ги минуваат под отворено небо. Експертите смируваат.

Bildergalerie Frühling in Ohrid, Mazedonien
Фотографија: DW/M. Jovanoski

Стотици граѓани на Охрид ноќите ги минуваат на отворено, стравувајќи од нови потреси на земјиштето, јавува репортерот на агенцијата Макфакс. Дел од луѓето спијат во своите возила или во шатори, додека повеќето мајки со деца се сместуваат во извидничкиот камп во Охрид. Можност за сместување од вчера се нуди и во воениот камп „Васко Карангелески”, во Свети Наум, откако Министерството за одбрана ги отвори вратите за граѓаните.

Денеска, два нови земјотреси ја вратија неизвесноста меѓу граѓаните- првиот во 8:32 часот со јачина од 2.6 степени според Европската макросеизмичка скала, и вториот, посилен, околу 11 часот со магнитуда од 4 степени. Епицентарот на потресот бил во близина на селото Косел.

Според статистичарите, тлото во Охрид се тресе веќе 19. ден, а вкупно биле регистрирани над 1.200 земјотреси.

Надлежните ги смируваат граѓаните кои се почесто одлучуваат да останат надвор од своите домови или да го напуштат градот.

„Каква било вест дека во одредено време ќе се случи силен земјотрес е лажна бидејќи тоа не може да се предвиди и никој сериозен научник, а би рекол и сериозен човек не би можел такво нешто да каже“, вели професорот и директор на ИЗИС, Михаил Гаревски.

Се забележува и намален број туристи во однос на минатата година. Хотелиерите велат дека кај нив нема масовни заминувања туку само поединечни случаи, што не е случај со малите станоиздавачи. Тие кажуваат дека гостите им заминуваат и дека за нив, ако брзо не се смири тлото, сезоната е завршена.

Во градот и околината досега се пријавени околу 200 оштетени објекти- најголемиот број на ѕидови, оџаци, балкони и помали оштетувања во внатрешноста на куќите. Поради поголеми оштетувања, затворена е детска градинка.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми