Очекувањата на Албанија се остварија
4 април 2008Според шефот на дипломатијата Љуљзим Баша добивањето на поканата за нивната земја е резулат на макотрпната работа и ангажирање во остварувањето на реформите, како и секогаш добрата соработка со Алијасата, како континуиран нејзин партнер.За Баша трети април е историски ден за Албанците, кој отвора нова фаза на албанската политика. Искажувајќи жалење што не се примени сите три земји тој со надеж дека со дополнителни ангажирања ќе се надмине проблемот со Грција и Македонија ќр им се приклучи во НАТО.
И лидерот на најголемата опозициона сила , Социјалистичката партија Еди Рама денот го смета за историски,кој е резултат на еден долго сонуван сон. Но, тоа е уште едена дополнителна одговорност кон народот и нашите меѓународни партнери, додава Рама.
Шефот на државата Бамир Топи смета дека добиената покана претставува најзначаен настан во историјата на албанскиот народ
Безбедност и отворен пат кон ЕУ
За граѓаните на Албанија во прв ред тоа значи национална безбедност. Исто така и отворен пат кон ЕУ , многу среќен и долго очекуван ден, вели Исмет Џемаили од градот Маќелари.Тој смета дека покана за членство во НАТО залсужувала и Македонија.
Поврзано со тоа оценка на аналитичарите е дека на Македонија и е направена голема неправда. Без изклучок нивен став е дека и Македонија го залужувала она што го добија Хрватска и Албанија. И за медиумите ист став. Можеби тоа најдобро се покажува од насловите „Грција ја изгоре Македонија, Неправедно грчко вето за Македонија“
И премиерот Бериша смета дека пријателска Македонија заслужува членство во НАТО. За него сега се отвора ова епоха:
- Тоа е нова епоха на сигурност, на слободи и права на граѓаните, вели Бериша, кој не ги криеше емоциите од големиот успех што Албанија го постигнува токму во негово време.
Воздржување од отворени критики
Инаку, од официјална Тирана не се очекуваат некои посериозни директни критики кон Грција,поради јавната тајна дека ја држи во заложништво со шестоте илјади албански емигранти. Тирана има горко искуство зашто секогаш кога и при најмала реакција грчките вкласти ја активираат познатата акција „Метла“ на протерување на албанските емигранти.