Берлинскиот ѕид стоеше точно 28 години, два месецa и 27 дена. Исто толку време помина откако тој беше урнат, барем што се однесува до бетонот и бодликавата жица. Во други форми, тој се уште постои, смета Марсел Фирстенау
Реклама
Израснав со него. Беше само неколку стотина метри оддалечен од моето игралиште: Ѕидот. Кога бев малку постар, се преселивме, и од мојот кујнски прозорец можев да гледам на другата страна, кон Источен Берлин. Бев опкружен со ѕидот, но сепак се чувствував слободно. И тоа не си го умислував, затоа што можев да патувам каде сакам, па дури и во ГДР. Моите сонародници од истокот го немаа тоа право. Освен ако беа пензионери.
Уште не бев роден кога тој одвратен објект од 160 километри беше изграден на 13 август 1961 година. Се родив една година подоцна. Ѕидот беше постар од мене, но јас го надживеав. Сега сум на овој свет двојно подолго од овој „антифашистички бедем“. Така властодршците во ГДР ја нарекуваа нехуманата пречка која ја урнаа храбрите граѓани. По цели 28 години, два месеца и 27 дена. И токму толку долго и го нема. Денес, 5 февруари 2018 година е некој вид рамноденица.
Берлинскиот ѕид веќе го нема - освен неколку спасени фрагменти. И тие се потребни за светот и генерациите кои доаѓаат да стекнат впечаток за тоа какви последици можат ѕидовите да имаат за луѓето. А тие последици можат да бидат далекусежни и трајни. Раздвоеноста од минатото станува очигледна кога разгоравам со луѓе кои живееле во ГДР. Кога се жалат поради ниските пензии - главно со право. Навистина е срамота што ни денес, 28 години по падот на Ѕидот, пензиите не се изедначени.
Воопшто не ме изненадува што многу граѓани на поранешна Источна Германија и денес се чувствуваат како граѓани од втора класа. Никогаш не ми беше јасно зошто најголемиот дел од елитата на ГДР беше заменета со луѓе од западна Германија. Секако дека разбирам зошто тоа се правеше кај функционерите со големи политичко-идеолошки дамки во животописот, но сечење глави во фирми, на универзитети, во културата? За мојот вкус се отиде предалеку. Источните Германци и во 2018 година, гледано пропорционално, сѐ уште се премалку застапени.
Во делот на политиката, моето неразбирање е уште поголемо кога се работи за изолацијата на партијата Левица, која произлезе од поранешната режимска партија во ГДР. Демохристијаните сѐ уште не сакаат да соработуваат со нив во Бундестагот. Неодамна имав можност да видам дека и во круговите блиски до канцеларката Ангела Меркел постои респект за политичарите на Левица. Беше тоа приемот по повод 70 роденден на Грегор Гизи, легендата на оваа партија. Претседателот на Бундестагот, Волфганг Шојбле ја фалеше интегративната улога на славеникот роден во источен Берлин и израснат во комунистичко семејство. Изразот на почит и воодушевување на Шојбле беше искрен. Би било добро тоа да се случува почесто. За мене е едно јасно: знак на политичка незрелост е денес паушално да се отфрла некој политички табор поради неговите корени. На тој начин се бетонираат менталните ѕидови во земјата во која пред 28 години, два месеца и 27 дена беше урнат еден бетонски ѕид.
30 години обединета Германија: Што остана од Берлинскиот ѕид?
01:42
На политичарите единствено можам да им порачам дека и последните „студени воини“ треба да разберат во кое време живееме и да делуваат одговорно. Бидејќи дури тогаш ќе падне и последниот ѕид.
328 дена: од револуција до „Договорот 2+4“
Силата на улицата и ветувањето со крупни последици: долго за невозможно сметаното германско обединување се роди преку ноќ на 11. ноември 1989. година и по 328 дена доби свој успешен крај. Станиците на една револуција.
Фотографија: DHM, Peter M. Mombaur
„...веднаш, без одлагање...“
9. ноември 1989: Гинтер Грабовски само патемно за спомена слободата за патување на граѓаните од ГДР. Она што следеше е еден емоционална првична експлозија во историјата. Уште истата вечер кога беа изговирени историските зборови, илјадници источноберлинци јурнаа преку граничните премини. Во западниот дел беа пречекани со одушевување.
Спасител без поткрепа
13. ноември 1989: Ханс Модров, шеф на партијата СЕД за Дрезден, требаше да спаси што може да се спаси. Четири дена по падот на Берлинскиот ѕид, Народното собрание го избра за претседател на Министерскиот совет. Тој се најде на однапред загубена позиција, зашто пратениците и‘ откажаа безусловна послушност на дотогаш се‘моќната Партија на социјалистичкото единство на Германија.
Фотографија: ullstein bild/ADN-Bildarchiv
Кол ја презема иницијативата
28. ноември 1989: Планот на Кол од десет точки, претставен на 28. ноември во Бундестагот, одекна како бомба. Германците покажуваат „растечка ароганција“, протестираше францускиот министер за надворешни работи Ролан Дима. Фактички, никој претходно не бил консултиран. Документот беше роковник до државното единство.
Фотографија: picture-alliance/dpa/T. Brakemeier
Старата гарда даде оставка
3. декември 1989: под притисок на „гласањето со нозе“, капитулираше Политбирото, како и Централниот комитет, поднесувајќи оставки, вклучувајќи го и Егон Кренц, кој со отстапки кон граѓанските движења сакаше да ја спаси Германската Демократска Република како држава.
Фотографија: picture-alliance/dpa/Peter Kroh
Прашање на тонот и на речникот
19. декември 1989: Настапот на Хелмут Кол пред дрезденската Фрауенкирхе е емоционална кулминација. Канцеларот со изборот на зборови и тонот ги погоди чувствата на неколкуилјадните Источногерманци. Тој зборуваше за својата цел - обединување на нацијата во мир и слобода. Во странство говорот предизвика импресионираност, а масата беше одушевена.
Фотографија: imago/Sven Simon
Јуриш врз Централата на Штази
15. јануари 1990: мнозинството централи на Штази во општините веќе беа под контрола на граѓанските движења. Но, не и Централата во улицата Норманен во Берлин. Без сведоци, овде беа уништени доказите за махинациите на државните функционери. Кога демонстрантите ја „зазедоа“ зградата на Штази, многу акти веќе не постоеја.
Фотографија: picture alliance/AP Images/J. Finck
Слободни избори со изненадување
18. март 1990: Избори за Народно собрание во ГДР. Првенствено Хелмут Кол ги мобилизираше масите. Канцеларот собра еден милион луѓе на своите настапи на плоштадите. Но, кај истражувачите на јавното мислење СПД (наследничка на СЕД) важеше за фаворит. Но, следеше сензација: Коловата Граѓанска алијанса однесе јасна победа пред СПД.
Фотографија: picture-alliance/dpa/P. Kroh
Доаѓање на германската марка
1. јули 1990: Обединувањето е одамна завршена работа и следи воведување пазарно стопанство и во Источна Германија. Во Бон на 18. мај е потпишан Државен договор за економска, монетарна и социјална унија. На 1. јули и граѓаните во ГДР ја добиваат западногерманската марка. Am 1. Juli ist es soweit: Die DDR-Bürger bekommen die D-Mark.
Фотографија: picture-alliance/ ZB
Горбачов го одобри обединувањето
15./16. јули 1990: Членството на единствена Германија во НАТО за московското раководство долго ја претставува највисоката од сите пречки на патот кон германскто обединување. Но, НАТО покажува нагласена дефанзивност. Москва е смирена. Кол во Кавказ ја доби согласноста од Горбачов за членство во НАТО на обединета Германија.
Фотографија: picture-alliance/dpa
Големиот час во Народното собрание
23. август 1990: пратениците во Народното собрание на ГДР изгласаа приклучување кон Сојузна Република Германија. Грегор Гизи, шефот на ПДС, пожнеа само смеа за својот коментар дека парламентот го изгласа „залезот на Германската Демократска Република“.
Фотографија: ullstein bild/ADN-Bildarchiv
Последниот детал пред конечниот договор
12. септември 1990: на крајот, се‘ се врти околу парите. Владата во Бон му понуди на Советскиот Сојуз 12 милијарди марки како компензација за повлекувањето на Црвената армија од Источна Германија. Премалку, сметаше Горбачов. Кол прво остана цврст, но потоа додаде уште три милијарди кредит. Патот за потпишување на „Договорот два плус четири“ беше слободен.
Фотографија: Imago/S. Simon
Првиот ден на новата Германија
3. октомври 1990: Министрите за надворешни работи на победничките сили од Втората светска војна во Њујорк се откажаа од сите специјални права и тројцата градски команданти во Источен Берлин беа развластени. Народното собрание заседаваше последен пат, ГДР го напушти Варшавскиот пакт. Во 0 часот пред Рајхстагот се развеа германското знаме. Присутни беа приближно два милиона луѓе.