1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пад на Србија до самото дно?

Драган Максимовиќ / Симе Недевски29 јуни 2012

Фактот дека Ивица Дачиќ ќе биде на чело на српската влада ретко кому му се допаѓа во Босна и Херцеговина. Аналитичарите сметаат дека ваквиот развој на настаните е опасен и за Србија и за целиот регион.

Фотографија: A.Jevtovic

Јавноста во Босна и Херцеговина не е воодушевена од опцијата во која Ивица Дачиќ е на чело на српската влада, бидејќи, како што вели професорот на Филозофскиот факултет во Сараево Енвер Казаз, станува збор за луѓе чии политики не им донесле добро ни на луѓето во Србија ниту на БиХ. Сепак, Казаз вели дека тоа е последна шанса за Србија и за политиката кон соседите: „Тоа е најздраво решение за Србија, бидејќи тоа е последна можност да се реформира одвнатре и да ја промени структурата на општествените односи. Болното општество на Србија, впрочем такво е и општеството во БиХ, може да се излечи само со пад до дното. Тоа што Дачиќ формира влада со Николиќ е всушност пад до дното“.

Најлоша ситуација во последните 15 години

Професорот на Филозофскиот факултет во Сараево Енвер КазазФотографија: Duzevad Sabljakovic

Опцијата Николиќ-Дачиќ за БиХ, но и за Србија, е полоша, смета и политичкиот аналитичар Ибрахим Прохиќ, наведувајќи дека сепак таа мора да добие шанса без оглед на последиците. Во контект на односите кон БиХ, Прохиќ наведува дека политичарите во Србија не се имаат откажано од политиката на Слободан Милошевиќ, што и сега би можело да има големи последици: „Кога на тоа ќе се придодаде апсолутната политичка конфузија во БиХ, која постои меѓу политичките партии, тогаш ситуацијата е многу мрачна. Јас дури мислам дека ова е најлоша ситуација во последните 15 години. Што ќе излезе од сето е многу тешко да се предвиди“.

Има причини да се жали за оние кои заминуваат

Политичкиот аналитичар Ибрахим ПрохиќФотографија: DW/M.Camdzic

Голем дел од јавноста во БиХ е згрозена од ваквиот расплет на ситуацијата во Србија, потврдува и професорот Миле Ласиќ од Мостар:

„Едноставно Србија не заслужува 20 години по се’ што се случи да ја претставуваат такви опции кои се фалат дека се добри националисти, поради тоа што кај нас националистот не е либерален националист, туку нешто сосема друго. Во таа смисла, имаме причини да жалиме за оние кои заминуваат од политичката сцена без оглед колку до вчера ги потценувавме“.

Без оглед на оценките кои не одат во прилог на оптимизам кога станува збор за односите Србија- БиХ, јавноста очекува дека Србија ќе продолжи пои европскиот пат, што автоматски би значело и релаксација на односите, пред се’ поради притисокот на Брисел. Меѓутоа, доколку Србија се определи за пат на кој ЕУ не е одредница, целиот регион би можел да се соочи со нестабилност поради враќањето на политиката од 90-те години.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми